КОИ СЕ РАЗЛИЧНИТЕ РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ CAN-AM ВОЗИЛО?

НЕ БИ ИМАЛЕ CAN-AM ВОЗИЛО, ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ПЛАНИРАЛЕ ДА ИСКОРИСТИТЕ СЕ ШТО НУДИ МАШИНАТА, НЕЛИ? НАШИТЕ СИСТЕМИ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА И РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ СЕ СЛИЧНИ НА ОНИЕ КОИ ГИ ЗНАЕТЕ ОД TRUCKS И SUVS - НО СО НЕКОЛКУ КЛУЧНИ РАЗЛИКИ ЗА МАКСИМИЗИРАЊЕ НА ВАШИТЕ OFF-ROAD СПОСОБНОСТИ. ГЛЕДАЈТЕ ГО DUSTIN JONES КОЈ ГИ ПОКРИВА ОСНОВИТЕ ИЛИ ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ДА ДОЗНАЕТЕ НЕШТО ПЛУС ЗА ВАШЕТО CAN-AM ИЛИ SSV ВОЗИЛО.
 

РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ НА ПАТЕКА

2X4

Оставањето на возилото во 2x4 режим е сосема во ред кога се користи за возење на различни возени патеки, со тоа дури и ќе заштедите гориво. Исто така овој режим се препорачува и за транспортирање или возење на возилото на тротоар на кратки растојанија.

4X4

Вклучете го прекинувачот за погон на 4 тркала за да ја пренесете моќноста на моторот на предните тркала. 4WD може да се користи при сите брзини и обезбедува дополнителна влечна сила за качување на успони, лизгави услови и нерамни површини. Во овој режим задниот дел на возилото нема толку да се  навалува, но сепак имајте во предвид дека 4WD не е замена за возење во вашите и границите на вашето возило.

4X4 LOW

Помали брзини под 20 mhp / 30km/h? Возење во кал? Тешка патека? Товарење на возило во приколка? Ви препорачуваме користење на 4WD LOW, со што се максимизира моќта и контролата при помали брзини.

РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ:

ECO режим (ако е дел од опремата) обезбедува најрамномерен одговор на гасот и најекономична потрошувачка на гориво. Добивате целосна моќност - потребна е само ваша поголема подвижност на гаста за се да ослободите.

WORK режим (ако е вклучен во опремата) дава целосна моќност со рамномерен гас кој реагира на гас и се со цел надминување на пречките.

NORMAL режим: Повозбудлив од режимот ECO, станува збор за најдобар режим за широк опсег на off-road услови.

SPORT режим(ако е вклучен во опремата): Најатрактивна реакција и перформанс на гасот - бидете спремни за смеење од уво до уво.

НАПРЕДНИ РЕЖИМИ:

4X4 LOCK – VISCO-4LOK

ATV: Доколку е опремен со функција Visco-4Lok, овој прекинувач ќе го блокира предниот диференцијал за неколку милисекунди со притискање на копче. Без лизгање, само зафат.

TRAIL ACTIV, MUD(КАЛ), ROCK MODE – SMART-LOK

Достапен за нашата линија на возила SxS, Smart-Lok целосно заклучен (on-the-fly) преден диференцијал со електронски контролиран автоматски режими кои ви даваат максимално држење во условите.

COMFORT, SPORT, SPORT+ – SMART-SHOX

Додека возите, Smart-Shox ги прилагодува амортизерите на теренот, се со цел постигнување најдобар спој на удобност при возење и управување. Трите режими ви овозможуваат да ги подобрите перформансите од луксузни до солидни.

Како што се подобруваат вашите off-road вештини, така расте вашата самодоверба и при тоа се повеќе се запознавате со вашето возило, безбедно истражете ги овие карактеристики, во ваше темпо.

За подетални информации следете ги следните линкови:  Visco-4Lok | Smart-Lok | Smart-Shox

СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА, ОДГОВОРЕНИ

БЕЗБЕДНОСТА НА ВОЗАЧОТ

ОДВОЕТЕ 15 МИНУТИ ПРЕД СЛЕДНОТО ВОЗЕЊЕ ЗА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ CAN-AM OFF-ROAD БЕЗБЕДНОСНИТЕ MUST-READ СОВЕТИ

НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ?

АКО СЕУШТЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ ЛОКАЛЕН ДИЛЕР ИЛИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ТУКА!