ДАЛИ ВИ ПОТРЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ВОЗЕЊЕ АТВ ИЛИ SXS?

Тешка љубов: без разлика на вашата возраст, теренските (off-road) возила се само за одговорни возачи. На многу места им е потребна дозвола за возење на ATV, затоа информирајте се пред да одите во таква авантура. Проверете ги нашите совети за безбедност и лиценцирање за секогаш да имате незаборавно возење.

ПОТРЕБНИ ДОЗВОЛИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА OFF-ROAD ВОЗИЛА

ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА (ATVS)

Секој што вози ATV кој е повеќе од 250 кубика мора да има најмалку 16 години. Исто така, препорачуваме имплементирање на програма за безбедност на возачите за да се чувствуваат сигурни и информирани.

Откријте дали ви треба дозвола за управување со ATV возило во вашата област и во областа каде ќе возите. Може дури и да откриете како да добиете дозвола за ATV преку Интернет, односно онлајн. И не заборавајте да прашате работи како на пример каде треба да биде поставена регистарската табличка на ATV возило бидејќи барањата може да варираат.

ДЕЦА НА ATVS ВОЗИЛА

Знаеме колку се забавни ATV возилата, но тие не се играчки. Сепак тие можат да бидат одлични за воведување на децата во теренското (off-road) искуство. Can-Am создава ATV модели за млади возачи на возраст од 6 и повеќе години, но со придружба од возрасен.

SIDE-BY-SIDES ВОЗИЛА (SSVS)

За да возите side-by-side возило, мора да имате над 16 години и да имате валидна возачка дозвола. Постојат програми за сертификација за безбедност специјално за SSV кои може да се покажат како непроценливи.

БЕЗБЕДНОСТА НА ТЕРЕНСКИТЕ ВОЗИЛА НА ПРВО МЕСТО

Безбедноста е низа од паметни избори кои можат да го направат возењето убаво или пак да го уништат. Ако сакате да се забавувате, треба да се чувствувате сигурни во вашето возило и да внимавате на теренот.

Безразлика дали сте возач, патник или пак набљудувач од страна, вашето off-road искуство зависи од тоа колку сериозно ја сфаќате безбедноста. 

COMFORT FOR CONTROL AND CONFIDENCE УДОБНОСТ ЗА НАДЗОР И ДОЕРБА

Ако не се чувствувате удобно во и околу теренски (off-road) возила, возењето надвор од теренот не е за вас. Секогаш бидете информирани и слушајте го вашето внатрешно чувство.

Погрижете се да ги прилагодите седиштето и/или воланот за максимална поддршка и контрола. Прилагодете ги рачките и/или седиштето на ATV возилата. Ако не сете сигурни за најдобрата позиција, прашајте го вашиот продавач, инструкторот за безбедно возење или локалниот клуб за возење.

СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА, ОДГОВОРЕНИ

БЕЗБЕДНОСТА НА ВОЗАЧОТ

ОДВОЕТЕ 15 МИНУТИ ПРЕД СЛЕДНОТО ВОЗЕЊЕ ЗА ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ CAN-AM OFF-ROAD БЕЗБЕДНОСНИТЕ MUST-READ СОВЕТИ

НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ?

АКО СЕУШТЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ ЛОКАЛЕН ДИЛЕР ИЛИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ТУКА!