Во соработка со ATV TEAM TIKVESIJA, под покровителство на SKI&Sea Skopje на ден 17.05.25 се одржа првиот настан за 2025 година. На настанот имаше над 80 учесници и љубители на OFF ROAD везење и возила.
Настанот започна во 8:00 часот во селото Мрежичко, каде што беше и збирното место и точката на тргнување. Нашето демо возило беше изложено и достапно за заинтересираните учесници кои имаа интерес да го тестираат се до 10:00 часот.
За сите учесници Ski&Sea и ATV TEAM Tikvesija, обезбедија доручек, кафе и ладен пијалок.
Возењето започна во 10:30 часот од селото Мрежичко, учесниците се упатија до месноста Рожден, каде што имаа кратка пауза за кафе и ладен пијалок, потоа продолжија кон местонста Трибор каде што имаше поголема пауза, учесниците ја искористија паузата за сликање и разменување на искуства за нивните возила и за теренот по кои се возеле. После паузата се продолжи до врвот на планината Кожуф Караула, кои е на 1909 метри надморска височина, пружа прекрасен поглед на планината Кожуф и планините со соседна Грција. Таму учесниците имаа долга пауза за ручек, кафе и ладен пијалок со прекрасен поглед и мирис на недопрената природа на планината. После ручекот учесниците се упатија кон месноста Мајден и кон кон почетната точка Мержичко, каде што учесниците се освежија со ладен пијалок.
Настанот заврши во 18 часот, условите за возење и патот беа одлични, сите учесници беа задоволни.
Се надеваме на добра дружба со скоро време,
Со почит
SKI&SEA SKOPJE.