Настанот започна во петок на 01.11 во 10 часот, во кругот на спортскиот центар Билјанини Извори во Охрид, каде што сите учесници, љубители на OFF ROAD возење се дружеа и разменуваа свои мислења за возилата и теренот.
Настанот немаше спортски карактер, главната цел на настанот беше дружење и запознавање со нашите производи.
На настанот пристствуваа повеќе од 15 возила, од кои што имаше гости од соседните држави Србија, Босна и Хрватска.
Ski&Sea Скопје обезбеди ладен пијалок за сите учесници и вечера.
Првиот ден возилата од Центарот Билјанини Извори се упатија кон месноста викана Велестово, каде што навлегоа во шумите на планината Галичица, возењето продолши се до првата пауза, Планинарксиот Дом на падините на Галичица, каде што учесниците уживаа во прекрасната природа и погледот кон Охридското Езеро.
Возењето продолжи се до врвот на Галичица кој е простран на 1630 метри надморска висина, каде што учесниците уживаа во прекрасниот поглед на Преспанско и Охридско езеро.
Возењето заврши во 17 часот од местото на поаѓање, а дружбата продолжи во еден од локалните ресторани, каде што се правеше план за другиот ден.
Возењето и дружењето продолжи и наредниот ден но на различна дестинација.
Ski&Sea Скопје