Возењето и дружењето продолжи и наредниот ден но на различна дестинација.
Учесниците се чекаа на зборната точка од каде што се упатија на планината Јабланица, пред да почне возењето учесниците се освежија со кафе и пијалок и се упатија кон падините на Јабланица.
На првата пауза учесниците уживаа во убавините на недопрената природа и ги дискутираа разликите од вчерашнит терен и теренот на Јабланица.
Возењето продолжи до врвот на Јабланица Црн Врв кој е распорстанет на 2.258 метри надморска висина, каде што беше направена поголема пауза, каде што учесниците дегустираа домашни јадења направени од локалните мештани.
Возењето заврши во 16 часот на стартната точка, но дружењето продолжи во еден локален ресторан покрај Охридското езеро.
Настанот и возењето беа под покровителство на Ski&Sea Skopje, настанот беше од друштвен и информативен карактер, се разменуваа мислења за возила, учесниците меѓусебно ги разменуваа возилата и споделуваа мислења.
Нашето возила беше достапно за тест возење и овозможено за сите што имаа интерес да го пробаат.
Настанот заврши со добра дружба и ветување за наредната година повторно да се одржи само со поголем број на учесници.