Со задоволство ве информираме дека на ден 12.11.2023 та година, во Кичево (на падините на планината Бистра), Република Северна Македонија ќе се оддржи вториот настан организиран и спонзориран од страна на Ski & Sea Skopje, во соработка со Off Road Kicevo, Off road Garage и Vitlo mk.
Ги покануваме сите љубители на Off Road да бидат дел од овој настан. Настан кој ќе се состои од возење по падините на планината Бистра, убава дружба и освежителен пијалок обезбеден од организаторот Ski & Sea Skopje. Но освен тоа, за најдобрите следуваат и награди.
Can Am Adventure day - нема натпреварувачки карактер, единствената цел е дружбата со љубителите на Off road, спојување и дружба на нашите клиенти и љубители на BRP производите.