CAN-AM ADVENTURE Mavrovo - Ski&Sea Skopje

Со големо задоволство Ве информираме дека на ден 16.02.2023 година во Националниот Парк Маврво се одржа првото Maverick Demo Show, под покровителство на Ski&Sea Скопје.

 

Со големо задоволство Ве информираме дека на ден 16.02.2023 година во Националниот Парк Маврво се одржа првото Maverick Demo Show, под покровителство на Ski&Sea Скопје.

На настанот просуствуваа над 30  возила од кои повеќето беа BRP,

Настанот почна околу 11 часот пред пладне на големиот паркинг пред Хотел Спорт, каде што учесниците се собраа и ги разменија своите искуства, се започна со возење во 12 часот по падините на Бистра планина, по шумскиот пат за селото Галичник, каде што ја имавме и првата пауза за одмор и уживање во природата со топол чај.

Возењето продолжи во правец на Лазарополе, каде што беше и втората пауза за топол чај.

Натрупаниот снег за жал не ни дозвозли да возиле до врвовите на Бистра планина, затоа моравме да се упатиме до Местото Маврови Анови каде што учесниците имаа ручек и дружење и размена на искуства со нивните возила.

Настанот заврши во 16 часот на местото на појдовната точка.

Сите беа задоволни и среќни, со една порака...Да ја зачуваме природата и да уживаме во неа.

Се надеваме на повеќе вакви дружења и средби.

 

Погледнете ја фотогалеријата подолу!