И возачите и патниците на SSV и ATV возила треба секогаш да носат заштитна кацига - најдобрата кацига е DOT сертифицираната кацига. Не само што кацигите спасуваат животи, туку и ве штитат од се што се случува на патот. Can-Am ве учи што, зошто и како со кацигите.
ШТО Е DOT СЕРТИФИЦИРАНА КАЦИГА?
DOT сертифицираните кациги на задната страна се означени со печат на Министрстовото за транспорт на САД (U.S. Department of Transportation (DOT)). Со ова се назначува дека кацигата е направена според највисоки стандарди и при тоа обезбедува највисоки нивоа на заштита. Избегнувајте да купувате кациги од втора рака, дури и со DOT сертификат. Никогаш не можете да знаете и да бидете сигурни низ што кацигата поминала - не сите влијанија оставаат видливи траги на површинските делови. Погрижете се да ја промените DOT сертифицираната кацига за следното возење, доколку претрпи било каква штета во тековното.
КАЦИГИ И OFF-ROADING
ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ КАЦИГИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА SIDE-BY-SIDES ВОЗИЛО?
Законите за носење на кациги за SSV/ATV возила се разликуваат низ САД и Канада. Но дури и да не се задолжителни, ние силно ви препорачуваме да носите заштитни кациги. Тие можат да бидат разликата помеѓу забавата и крајот.
ЗОШТО ДА СЕ НОСИ КАЦИГА?
Безбдноста е дефинитивно дел од тоа, но долгогодишните off-road возачи се согласуваат дека кацигите нудат поголема удобност. Кацигите ја отстрануваат грижата за влијанието на сонцето, песокот, калта, различни остатоци и попаднати гранки. Кацигата може да помогне во спречување на појава на модрици дури и потрес на мозок доколку при ненадејно застанување се удрите со главата во воланот-рачките на возилото. Осветн тоа кацигите помагаат и во заштита на вашите уши од бучава и силината на ветрот.
Друга безбедносна авантура со кациги - особено оние во посветли бои - оние кои ве прават повпечатливи од одтанатите off-road возачи. Како голем плус е што секогаш можете да најдете кацига која одговара на вашиот стил. А дали знаевте дека „коса на кацига“ е кул? Тоа е знак кој говори дека сте биле во луда off-road авантура.
КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ КАЦИГА
Лесно е да научите како да ја измерите големината на вашата ATV кацига. Совршената кацига е онаа која вас совршено ви стои. Пред да купите нова кацига, пробајте ја и тресете ја главата нагоре и надолу како и од една на друга страна. Доколку кацигата не се помести или не се придвижува, подготвени сте да возите со неа. Овој совет се однесува и на мажите и на жените бидејќи самите кациги се унисекс. Користете ја истата логика кога земате мерки на деца за ATV кацига.
ВАШИОТ СЛЕДЕН ЧЕКОР
Сега кога знаете дека ви треба кацига, вашиот следен чекор е да откриете каде да купите ATV кациги преку интернет или кај некој кој продава ATV кациги во ваша близина. Започнете со неверојатниот избор на кациги со DOT сертификат на Can-Am Off-Road Продавницата, тргнете од таму!