Сопатник може да се вози со вас на вашето возило на три тркала како што се Can-Am Spyder или Can-Am Ryker моделите само ако на возилото има посебно седиште за патник. Но сепак на сите модели на Can-Am Ryker е потребно дополнително да се додаде седиште за сопатник, додека пак некои модели на Can-Am Spyder стандардно доаѓаат со седиште за сопатник и притоа на сите може да се додаде уште едно како дополнителен додаток.
При возење со сопатник, возачот мора да биде свесен за тоа како дополнителната тежина и промената во поставеноста на таа тежина ќе влијаат на управувањето и однесувањето на самото возило. Доколку возите заедно со сопатник целосната тежина ќе се пренесе на задниот дел од возилото со што негативно ќе се влијае на стабилноста на возилото и влечната сила на предните гуми. Во одредени случаи ќе сакате и ќе имате потреба од користење на упатството за употреба на возилото, бидејќи на некои модели е потребно да се прилагоди пружината на амортизерот на задната гума за да се обезбеди приспособување на додадената тежина на сопатникот. Ова е важно за да се одржи рамнотежата на возилото и да се спречи таканаречено чучнување или спуштање на возилото, со што може да се тргне тежината и оптеретувањето на предните гуми, а со тоа да се намали вашата можност за реакција и способност за управување.
Исто така, ќе ви биде од корист да го научите сопатникот за концептот на благо наведнување на свиоците, како што правите за да обезбедите постабилно возење и поголемо уживање во освојувањето на динамичните сили во кривините. На возачите и на патниците ќе им биде попријатно искуството на возење додека се ангажираат и постапуваат на овој начин, а сето тоа истовремено ја зголемува и безбедноста на возењето. Погрижете се и вашиот сопатник да носи соодветна заштитна опрема, особено кацига, заштита за очи, ракавици, чизми, долги пантолони како и заштитна јакна. Обесхрабрете ги сопатниците да носат минимална облека - тениски чевли, сандали, шорцеви и маици, овој тип на облека нема да ве заштитат во случај да се случи нешто неочекувано!