ДАЛИ ВОЗЕЊЕТО НА CAN-AM ВОЗИЛО НА 3 ТРКАЛА Е ИСТО КАКО И ВОЗЕЊЕТО НА МОТОРЦИКЛ?
Во многу случаи возењето на Can-Am Spyder или Can-Am Ryker е слично со возењето на моторцикл, но сепак различно. Динамиката на возилото е всушност повеќе слична на онаа на ATV (возило за сите терени) или Ski-Doo моторните санки. Во суштина вештините на возачот за маневрирање, управување и совладување на кривини со ваков тип на возило се разликува во споредба со управувањето на моторцикл, особено кога во прашање се кривините. Кога управувате возила од типот на Can-Am Spyder или Can-Am Ryker вртите во агол и притоа ја наслонувате вашата тежина, во суштина исто како да возите ATV ,моторна санка или Sea-Doo чамец. Тоа е така се со цел да се намали центарот на гравитација и да се одржи положбата на самото возило.
Архитектурата на Can-Am Spyder и Can-Am Ryker возилата на три тркала е многу побезбедна за разлика од моторциклите, односно возилата на две тркала по повеќе основи. Мошне едноставно, стабилноста на возило со три тркала е далеку поголема од стабилноста на возило со две тркала. Ова го нарекуваме “Y-Factor”. Исто така значајно е да се напомене дека возилата на три тркала како Spyder и Ryker се модели кои се целосно опремени и можат да се пофалат со најдобрите светски карактеристики од безбедносен карактер вклучувајќи и електронски контроли - ABS анти-блокирачки сопирачки, контрола за пролизгување како и контрола за стабилност. Овие целосно автоматизирани системи константно го следат работењето на моторот се со цел да обезбедат одржување на влечната сила, обезбедуваат најефикасен и најбрз начин на сопирање и притоа помагаат возилото да остане на тлото насочено кон вистинската насока. Голем број на влезови на сензорите се следат од неколку компјутери на возилото за да се обезбеди сигурно и безбедно возачко искуство. Во комбинација со стабилноста на дизајнот на Y-factor возилото со три тркала имате едно од најдобрите искуства на отворено кои се достапни денес.