ВАШИОТ МОТОРЦИКЛ НА 3 ТРКАЛА Е СОЗДАДЕН ЗА РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ НА ПАТИШТА
ВОЗЕЊЕ НА АФАЛТИРАНИ И НЕАСФАЛТИРАНИ - ЗЕМЈЕНИ ПАТИШТА
Spyder-ите и Ryker-ите не се сметаат за off-road возила, бидејќи се доста ниски. Затоа местата за возење на моторцикли на три тркала се асфалтираните патишта (бетон, асфалт) или израмнетите земјени патишта, израмнети и измазнети со помош на грејдер за патишта.
ВОЗЕЊЕ НА ВАШИОТ МОТОРЦИКЛ НА 3 ТРКАЛА НА ПАТИШТА ПОКРИЕНИ СО ЧАКАЛ
Можете да го возите вашиот Can-Am Spyder нежно и бавно по патишта покриени со чакал, но сепак најдобро е да го ограничите возењето на вакви патишта за да избегнете оштетувања на запчаникот и каишот.
Ryker-ите се посоодветни за патишта покриени со чакал, бидејќи имаат систем за директен погон. Can-Am Ryker Rally Edition има уникатен дизајн на гуми кои се одлични за чакал. Овој модел може да се користи за возење на израмнет и мазен чакал, како и земјени патишта. Иако не станува збор за off-road машина, таа го отвара светот на израмнети и мазни патишта со земја и чакал во поодалечени и ретко населени области.
ВОЗЕЊЕ НА АВТОПАТИШТА И МАГИСТРАЛНИ ПАТИШТА
Кога станува збор за места за возење на моторцикли на три тркала голем број од возачите нивните Spyder и Ryker( возила на три тркала) ги возат на 4тата лента од автопатиштата, но повеќето од возачите убавината во возењето и најдобрите можности за возење ги наоѓаат на не фрекфентните магистрални патишта со 2 ленти.
ОЧЕКУВАЈТЕ БЕСКРАЈНИ АВАНТУРИ СО МОТОРЦИКЛОТ НА 3 ТРКАЛА
Многу од нашите возачи бараат живописни споредни патишта. Паиштата кои можат да се пофалат со голем број свиоци и извртувања, патишта кои можат да бидат повозбудливи и позабавни, бидејќи искусвото се сведува повеќе на возење, а помалку на управување. Тоа е магичен момент кога Can-Am Spyder-ите и Can-Am Ryker-ите се претвораат во машини на слободата, машини кои ги откриваат и истражуваат милионски долгите отворени патишта кои се протегаат низ континентот.
Па, никогаш не престанувајте да прашувате, „Каде можам да го возам мојот моторцикл на 3 тркала?“ бидејќи постојат бескрајни можности за креирање на нова авантура секој ден.