ATV И SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛА – ВОДИЧ ЗА НОВИОТ СОПСТВЕНИК

BRP Can-Am

ОСНОВНИ СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНО И ЗАБАВНО ОФРОУД ДОЖИВУВАЊЕ

Значи, тукушто започнавте да го запознавате интересниот свет на ATV и side-by-side (SxS) офроуд возење. Пред да почнете со возењето ќе ви дадеме некои совети со кои уживањето или работењето со вашето ново возило ќе бидат безбедни и исполнети. Во овој водич се опфатени некои основни работи кои треба да ги знаеме пред да почнеме да возиме, совети за возење, вашата гаранција, основната офроуд опрема и како да го одржувате и поправате вашиот Can-Am ATV или SxS. Да почнеме!

 

ОНА ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО ЗАВРТИТЕ КЛУЧОТ

Пред да го завртите клучот на вашето ново возило и пред да започнете со работа или да дојдете до патеката која ќе ве одведе во авантура, има некои основни работи кои се задолжителни. Да ги видиме двете најважни работи што треба да се земат предвид: закони и прописи и проверка пред возењето.

ПОЗНАВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ И ПРАВИЛАТА ВО ВРСКА СО ВОЗЕЊЕ НА ATV И SXS ВОЗИЛА

Точно е дека законите и правилата во врска со офроуд возилата се различни во разни држави. Локалните, државните или сојузни закони може да бараат регистрација, да воспоставуваат ограничувања на брзината, отворена и забранета патека за возење и некои други прописи во однос на ATV или side-by-side возилото.

Исто како и за вашиот автомобил или камион, државите наметнуваат конкретни правила во врска со тоа колку години мора да има возачот на офроуд возило. Типот на вашето возило или големината на моторот, исто така, може да влијаат на барањата за возраст, па затоа проверете дали оној кој треба да управува со возилото ги исполнува тие стандарди.

Во некои земји, возачите кои се под одредена возраст мора да носат кацига, но реално, секој што управува со офроуд возило треба да носи кацига, така што најдобра пракса е секој да има соодветна заштита на главата. Дури и ако тоа не е законска обврска, безбедноста секогаш треба да биде врвен приоритет. Проверете дали е потребен и курс за безбедност пред да управувате со ATV или со side-by-side, што е често случај за помладите возачи.

ПРОВЕРКА ПРЕД ВОЗЕЊЕ

Без разлика дали ни е ова прво или стото возење по ред, секогаш е важно темелно да го провериме нашиот ATV или SxS пред да го запалиме моторот и да почнеме да возиме. Проверките пред возење ќе ги покажат евентуалните оштетувања или проблеми кои се потенцијален проблем понатаму. Подобро е да ги откриеме додека сме дома, отколку среде пат.

Што е најважно? Проверете го притисокот во гумите, текстурите на гумите и страничните ѕидови дали случајно има некаков проблем, истрошеност и дали има заглавен некаков надворешен предмет во гумата. Двојно проверете колку е затегнато тркалото и на неговите наврти и пробајте малку да ја понишате гумата за да увидите евентуални лабави делови или истрошени лагери. Проверете ги светлата, прекинувачите и мерачите во кокпитот дали добро функционираат. Проверете го маслото и нивото во ладилникот и видете дали има протекување. Проверете исто така дали се во функција педалата за гас, менувачот и сопирачките, и колку гориво имате.

Проверете ги евентуалните додатоци или багажници да не се евентуално оштетени или можеби не се прикачени како што треба; не би било убаво да изгубите работи попатно, особено откако со толку љубов и мерак го надградувавте вашето возило, нели? Исто така проверете дали има разлабавени делови или евентуални пукнатини кои би можеле да предизвикаат проблем.

Во вашето ATV или side-by-side возило ќе има и упатство во кое ќе биде содржан список за проверка. Овој список користете го секогаш кога ќе го возите новото возило и накусо потоа ќе ви премине во навика да правите вакви проверки набрзина, без да мислите на тоа. Не заборавајте: секој мал проблем кој ќе го откриете дома е голем проблем кој сте избегнале да се случи додека сте надвор со возилото.

 

ОСНОВНИ СОВЕТИ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ATV И SIDE-BY-SIDE НАМЕНЕТИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ 

Ако сте нови во светот на офроуд возила, од суштинско значење е да научите колку што може повеќе за самото возење, пред да почнете да го користите возилото. Безбедноста е највисок приоритет, и иако сега може да изгледа дека има многу работи кои треба да се знаат, наскоро сето тоа ќе стане составен дел од вас. Забавата на патеките или завршување на големи работи е причината зошто се купиле ATV или SxS возило, но избегнувањето инциденти и несреќи секогаш треба да биде приоритет број еден. 

БЕЗБЕДНА И УДОБНА ПОЗИЦИЈА ЗА СЕДЕЊЕ

Правилната положба за седење е од клучна важност за удобно и безбедно ракување со ATV или side-by-side возило. Како што ќе стекнувате теренско искуство, седењето, стоењето и наведнувањето ќе ви станат природни, но бидете свесни, како нов возач, за тоа дека поместувањето на телесната тежина може да го стабилизира вашиот ATV на терен или по свиоци. Никогаш не седете вкочането со лактите и колената, одржувајте опуштен став за да немате потоа болка и стрес на зглобовите, стапалата и рацете.

Погрижете се да постигнете природно удобна положба за седење во вашето возило без да морате да се напрегате или да посегнувате по контролите. Седиштата треба да се прилагодат за да овозможат лесна контрола на педалите со опуштена положба за возење и со свиткани лакти. Вака ќе ви биде поудобно и ќе избегнете напнатост и затегнатост во грбот и рамената, што може да стане болно во текот на долгиот ден на возење. Вашите патници исто така треба да се чувствуваат удобно и да имаат лесен пристап до држачите или решетките за да останат стабилни.

КАКО СЕ ВОЗИ НА РАЗНИ ТЕРЕНИ

Разни терени бараат разни вештини, како што ќе стекнувате искуство како возач. Ќе се стекнувате со вештини или со алатки за справување со разни околности. Научете кои офроуд возила (ORV) и кои додатоци се соодветни за кои услови, и не заборавајте дека погрешната поставеност ќе ги намали перформансите на вашето возило. Откако ќе ги научите основните офроуд вештини, ќе почнете да го стекнувате искуството кое ви е потребно пред да преминете на потешки патеки или на напреден терен како што се песочни дини или длабока кал.

Сакате да учите брзо? Видео серијалот на школото за возење на Can-Am може да ви помогне да научите клучни вештини и да станете подобар возач. Офроуд легендите како што Дејл Бризби, Датин Џонс и Хантер Милер ќе ги споделат со вас тајните за потребните вештини, како што се влегување во свиоци при голема брзина или аквапланингот на вашето side-by-side возило.

 

СПИСОК НА ОСНОВНА ОПРЕМА ЗА ЛИЧНА ЗАШТИТА ВО ATV И SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛАТА

Соодветна опрема за офроуд возење е задолжителна за ваша безбедност и за целосно уживање во вашиот ATV или SxS. Да видиме неколку основни работи: 

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОДАТОЦИ ЗА ВАШИОТ НОВ ORV

Без разлика дали станува збор за забава или за работа, секое офроуд искуство е различно. Терените и климатските услови се различни, па возилата може значително да се разликуваат од еден регион во друг. Затоа, тука е речиси бескрајниот избор на квалитетни додатоци за Can-Am офроуд возилата.

 

ДОДАТОЦИ ЗА SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛАТА

Ова се некои најпопуларните додатоци за side-by-side возилата:

 

ДОДАТОЦИ ЗА ATV ВОЗИЛАТА

Ова се некои најпопуларните додатоци за ATV возилата:

 

КАКО ДА ГО ОДРЖУВАМЕ ATV ИЛИ SXS ВОЗИЛОТО

Се разбира дека Can-Am дилерите ќе бидат тука за сите прашања или проблеми поврзани со одржувањето кои би можеле да ги имате со вашиот ATV или side-by-side. За да ги научите основните поправки и одржување кои можете и самите да ги правите, проверете го видео серијалот „Gettin’ It Done“ каде презентер е Дастин Џонс и во кој ќе научите како професионално да го менувате маслото и филтерот на вашето Can-Am возило, или кој е наједноставниот метод за промена на акумулаторот или свеќичките на вашиот ATV или SxS. Нашиот видео серијал „Tech Talk Tuesday“ исто така ви нуди совети за одржување, инсталирање додатоци и модифицирање на вашиот Can-Am Maverick X3.

 

ПОАЃАМЕ НА ПАТ!

Сега, откако ви дадовме увид за тоа што треба да знаете пред да тргнете по патеките, се надеваме дека ќе си поминете одлично и безбедно. Не заборавајте да ги правите проверките пред поаѓање на пат и дека секогаш со себе ја имате облеката, опремата и додатоците кои ви се потребни за да бидете безбедни во возењето. Ви посакуваме пријатна забава!

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

  • ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ

    ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ



    Прочитај напис
  • СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО

    СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО



    Прочитај напис
  • ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

    ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА



    Прочитај напис