ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ

ДА ВИДИМЕ КОЕ ВОЗИЛО ЌЕ ГО УНАПРЕДИ ВАШЕТО ДОЖИВУВАЊЕ ВО ЛОВ

Ловот е едно од најстарите и најомилени забави откако постои светот. За ентузијастите и за оние кои сакаат преживување на отворено, следењето, ловот и собирањето на пленот овозможуваат неверојатно поврзување со природата и со сопствената самодоволност.

Тука ќе ви помогнеме да одлучите кој ATV или SxS/UTV е најдобар за вашите лов авантури, за што треба да внимавате додека купувате и што треба да размислите пред да го проширите вашиот ловечки универзум со офроуд возило. Иако ловот е стар колку што е стар и човековиот род, офроуд возилата дури од неодамна станаа дел од оваа активност. Слично како коњите во минатото, ATV и side-by-side (SxS или UTV) возилата им овозможуваат на ловците да опфатат поголеми подрачја и да носат со себе повеќе опрема и залихи отколку што можеле тоа да го прават порано, кога оделе пешки, со што можат да стигнат до оддалечени локации и со себе да носат поголем плен до кампот или до дома.

Тука ќе ви помогнеме да одлучите кое ATV или SxS/UTV возило е најдобриот избор за вашите ловни авантури, на кои работи треба да внимавате при купување и што треба да имате предвид пред да ги проширите вашите ловечки хоризонт со офроуд возило. 

 

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ?

 

Има навидум бесконечен избор кога станува збор за ATV и side-by-side возила – од рекреативни до издржливи јутилити модели. Луѓето во секој дел на светот користат ATV како возила главно средство за рекреација на отворено па дури и за превоз, без разлика дали станува збор за брзо возење по пустински дини, освојување на шумски патеки или возење низ длабока кал. Земјоделците имаат сигурен придружник во офроуд возилата, ги користат за пренесување храна и товар и лесно да стигнат од еден крај на имотот до друг. Стручните лица во градежништвото и пејзажното уредување ги користат за влечење и донесување на материјали и растенија. Се разбира, повеќето од функциите кои ги има кај овие типови ATV и side-by-side возила совршено ќе одговараат и на потребите за лов, и тоа на неколку големи начини:

Ловот често бара покривање на големи растојанија, а ATV и SхS возилата се погодни за возење секаде каде и да сте во дивина. Со голема економичност на потрошувачката на гориво, овие возила можат да патуваат далеку со еден резервоар и им овозможуваат на ловците лесно да стигнат до местото каде што е нивниот плен. 

Еден ден поминат во лов може да бара поседување на многу опрема. Без разлика дали се работи за материјали, опрема за кампување или за храна, ATV или SxS/UTV возилата ќе можат да понесат многу кога се опремени со товарни платформи или багажници. Влечењето приколка уште повеќе ја зголемува нивната носивост. За ловци на голем дивеч, поседувањето на способно офроуд возило е нешто кое им дава огромна предност и им овозможува со себе да го понесат еленот или дивата свиња. 

 

ШТО ТРЕБА ДА ИМАМЕ ПРЕДВИД КОГА КУПУВАМЕ ATV ИЛИ SXS/UTV ЗА ЛОВ

КАДЕ ОДИМЕ НА ЛОВ?

Започнете прво со размислување каде би оделе со вашето офроуд возило. Иако речиси секој ATV или SxS/UTV може да се справи со прашини и прав, можеби ќе ви треба поцврсто возило кое ќе ви овозможи да се справите со подлабоки и понестабилни површини, како што се песок или кал. Возење на терени кои претставуваат предизвик значи дека би сакале да имате големо растојание од земјата, макара и агресивни гуми како оние на Can-Am Defender X mr кој е специјализиран за кал. Имајте предвид дека има голем број на додатоци од кои можете да изберете и со кои ќе го прилагодите вашето офроуд возило на вашите потреби, па ако фабричкиот модел не е она што ви треба, лесно ќе можете да го усовршите. Ако возите по тесни патеки, можеби ќе сакате да имате покомпактно возило за да можете да ги истражите тие подрачја.

БОИ И ДОДАТОЦИ

Рекреативците понекогаш сакаат да имаат светкави и светли бои на својот ATV или side-by-side; но кога станува збор за лов, веројатно ќе сакате нешто многу посуптилно. Барајте возила со неутрална боја, со нијанси кои одговараат на природата, како што е маслинесто зелено, сиво или црно за подобро да се совпаднат со околината. Некои модели на Can-Am, како што се Outlander ATV или Defender side-by-side, се нудат во ексклузивни изданија, како што е Mossy Oak Break-Up Country Camo. Исто така, додатоците можат драстично да го зголемат времето кое го поминувате со возилото. Некои возила се веќе дизајнирани со додатоци за лов, што го подобрува искуството на ловецот а подоцна ќе се осврнеме и на спецификите на овие основни додатоци. 

 

ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: КОЈ Е НАЈДОБАР ЗА ЛОВ?

 

Ловците подеднакво ги сакаат ATV и SxS возилата како сигурни другари во своите авантури, но сепак изборот на тоа кое возило е најдобро за вас може да биде навистина проблематично. И двете нудат големи поволности за ловците, па сè се сведува на вашите потреби и желби. Ќе се обидеме да ви помогнеме во изборот.

ТОВАР И СКЛАДИРАЊЕ: SXS/UTV

Ако ги споредуваме ATV и side-by-side возилата за лов, вториве се дефинитивно во предност кога станува збор за складирање. Иако возило со четири тркала, како што е Can-Am Outlander дефинитивно веќе има добар број на мултифункционални багажници и со повеќе додатоци за прикачување, едно SxS возило—како автомобил или камион—има простор за складирање на безброј места – под седиштата, на карго платформата и во други џебови и простори низ целото возило. На пример, само товарната кутија која ја има Can-Am Defender side-by-side возилото може да носи до 1,000 фунти товар (453 kg). Ако на тоа ги додадеме водоотпорната торба со алатки, просторот за складирање кај таблата и под неа, како и долната кутија... јасно ви е за што зборуваме. Ова значи дека имате многу места за складирање на опремата за лов, кампување и преживување, а да не ја споменуваме можноста за носење на кожи, месо и сл.

Истовремено, ATV возилата имаат далеку поограничен простор за складирање, со предни и задни багажници кои заедно можат да носат до околу 300 фунти (136 kg). Иако ова може да биде многу за некои, ловците кои се во потрага по групен дивеч најчесто избираат SxS кога станува збор за складирање. На пример, моќниот Can-Am Outlander MAX 6x6 DPS е исклучок со својата способност да носи до 700 фунти (317 kg) во багажниците.

 

МАНЕВРИРАЊЕ: ATV

Кога станува збор за маневрирање, тука главниот збор го има ATV возилото. Додека side-by-side возилото е дефинитивно најдобар во однос на товар, ATV е многу побрз во споредба со својот поголем и поширок братучед. Со оглед на тоа што повеќето ATV возила не се пошироки од 50 инчи, лесно ќе можете да поминете низ тесни простори каде големите возила немаат шанса да пристапат, а истовремено ќе можете да го сместите возилото на платформа на камион со цел полесен транспорт на подолги растојанија.

Во основа, можностите на 4WD или 6WD SxS го прават идеално возило за широки отворени простори, додека ATV доминира во густа шума и тесен простор. Со својата поудобна суспензија, SxS е ценето возило за подолги патишта, особено од аспект на удобност на традиционалните седишта. Генерално, кога станува збор за лов, изборот помеѓу двете е удобност наспроти агилност. 

КАПАЦИТЕТ НА ПАТНИЦИ: SXS/UTV

Бидејќи ATV возилата обично се едноседи, тие имаат ограничен капацитет за превоз на патници во споредба со SxS, како што е Can-Am Defender во кој што удобно можат да седат тројца возрасни. Ако вашите патувања на лов се со пријатели или со членови на семејството, тогаш side-by-side возилата може да биде подобар избор. Некои SxS возила можат да превезуваат до шест лица, што ќе ви овозможи со себе на лов да понесете добар дел од забавата. Can-Am Defender MAX XT е еден од многуте модели од нашата side-by-side линија со 4 седишта и со 6 седишта, која е совршена за тоа да ја однесе вашата екипа на ловечко патување.

Поголемиот 2-up ATV може да прими втор патник, а некои се дизајнирани за поголема удобност на патниците. На пример, Can-Am Outlander MAX DPS 450/650 може да се пофали со динамична ергономија на удобност за патниците и со рачки за патниците кои можат да се местат во повеќе позиции. 

 

ЦЕНА: ATV

Една од главните разлики во споредувањето на ATV и side-by-side возилата е цената. Сето тоа поголемо складирање, големина и удобност имаат своја цена; сепак, станува збор за многу поголемо возило. Споредливите основни модели, како што се Can-Am Outlander 450/570 ATV од 2021 година и Can-Am Defender SxS од 2021 година, чинат околу 6.299 американски долари и 10.399 американски долари. Како што можете да видите, ако цената е проблем, тогаш ATV е вашето решение и вашиот избор.

Не заборавајте дека финансирањето ги прави возилата многу подостапни отколку што мислите, при што производителите како Can-Am нудат ниски каматни стапки и други поволности. Финансирањето ги прави овие возила подостапни за поширок круг на луѓе и ви дава можност да го изберете она возило кое најмногу одговара на вашите ловечки потреби, наместо да морате да бидете ограничени поради цената. Тоа е исто така одличен начин да можете да си ги дозволите и додатоците кои навистина ќе го опремат вашето возило и истото да одговара на вашиот стил на лов. Проверете го нашиот калкулатор за проценка на плаќањето кој се наоѓа на интернет страницата на Can-Am.

Накусо кажано, ATV и SxS возилата се одлични машини за на лов и ќе ви отворат многу можности кога станува збор за вашите авантури. Само треба да видите кој стил на возило одговара на вашиот критериум.

 

КОИ СЕ НАЈДОБРИ ДОДАТОЦИ ЗА ЛОВ ЗА ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО?

Како што видовме, и ATV и SxS возилата имаат свои предности кога станува збор за лов, но вистинската забава почнува токму со додатоците. Опремувањето на вашето офроуд возило со додатоци кои се прилагодени на вашите потреби е начинот како возилото да го трансформирате во целосна машина за лов. Изборот на квалитетни теренски додатоци што ги нуди Can-Am е речиси бесконечен, па да погледнеме кои од нив би можеле да бидат особено корисни за лов. 

НОСАЧИ И ДРЖАЧИ ЗА ОРУЖЈЕ/ ЛАК

Врвен приоритет при лов е безбедниот и легален транспорт на вашето огнено оружје или лак. Can-Am има комплетен асортиман на држачи за оружје, багажници и држачи за оружје кои беспрекорно се интегрираат со ATV и side-by-side возилата. Багажникот за пиштол, како што е Gun Boot 6.0 Impact од Kolpin, е одличен пример за целосно затворено решение за складирање кое го чува вашиот пиштол на безбедно место додека не дојде момент да го употребите. Повторно, типот на додаток што ќе го изберете ќе зависи од видот на огнено оружје или од лак што го користите за лов и од возилото. 

 

 

МАКАРА

Многу искусни ловци ќе ви кажат дека најважниот додаток за вашето ATV или side-by-side возило е макарата. Таа е неопходна за да ве извлече од тешките ситуации кога патувате по груб терен или по меки површини како што се кал, снег или песок. Кога ќе дојде тој момент и кога (конечно) ќе заглавите, макарата буквално ќе ве извади од кал. Таа е исто така одлична за подигнување на големи и тешки животни од местото и за расчистување на остатоците, со што е полесно да го донесете дома пленот од ловот. Во основа, повеќето од возилата во сериите Can-Am Outlander или Defender имаат фабрички инсталирана макара со капацитет од 3,500 lb (1.587 kg).

ЗАШТИТНА РЕШЕТКА

Ако планирате да носите голем товар со вашиот SxS, тогаш заштитната решетка е задолжителна. Тешкиот товар може лесно да се лизне напред а оваа решетка ја заштитува кабината и патниците. Одличен пример за ова е решетката Deluxe Headache за Defender возилото, која е исто така компатибилна со Gear Rail за прицврстување на многу други додатоци на вашето возило кои се корисни за лов. 

 

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Успешниот лов честопати може да зависи од тоа дали ја имате вистинската опрема. Колку повеќе можете да понесете, толку подобро ќе бидете подготвени за лов. Дополнителниот простор за складирање го олеснува носењето на основните работи, а ова е особено така кај ATV возилата. Кутиите и кесите за складирање, како што е LinQ Premium Storage Bag од Ogio го подобруваат капацитетот за складирање и се вклопуваат во платформата на ATV возила како што е Can-Am Outlander. Кутијата за ладење LinQ 8 gal (30 L) може да го направи ловот уште попријатен со тоа што ги одржува храната и пијалаците свежи во текот на целиот ден. Ладилниците се исто така неопходни за транспорт на месото од местото на лов. 

ВРЕМЕ Е ЗА ЛОВ

Без разлика дали ќе се одлучите за ATV или SxS, двата типа на офроуд возило ќе го унапредат вашето искуство во ловот. Дали станува збор за поминување повеќе километри, пристап до подрачја до кои е тешко да се дојде, транспорт на повеќе опрема и пријатели, или носење на повеќе месо од ловот – ќе видите дека овие возила се незаменливи. Со бескрајниот избор на додатоци со кои вашето возило ќе биде опремено точно со она што ви е потребно, тоа дефинитивно ќе стане вашиот најверен придружник во ловот.

 

 

МАКАРА ЗА ТЕШКИ СИТУАЦИИ

Многумина фармери ќе ви кажат дека еден од најважните додатоци за вашиот ATV или SxS е макарата. Таа е неопходна за да ве извлече од тешките ситуации кога патувате по груб терен или по меки површини како што се кал, снег или песок. Кога ќе дојде тој момент и кога (конечно) ќе заглавите, макарата буквално ќе ве извади од кал. Таа е исто така одлична за подигнување на голем и тежок товар или за влечење и расчистување на остатоци. Всушност, повеќето возила од серијата Can-Am Outlander или Defender имаат фабрички инсталирана макара со капацитет од 3.500 lb (1.587 kg).

ПОДГОТВЕНИ ЗА НАПОРНА РАБОТА НА ФАРМА?

Без разлика дали вашата фарма има потреба од ATV или SxS, и двата вида на овие офроуд возила ќе ги поедностават големиот број на секојдневни работни активности. Без разлика дали станува збор за поголеми растојанија, пристап до тешко достапни области, транспорт на храна, опрема и работници, или влечење на голем товар, овие возила ќе се покажат незаменливи. Со огромниот број на додатоци за опремување на вашето возило токму за земјоделски потреби, тоа дефинитивно ќе стане вашиот најсигурен и современ придружник во земјоделството.

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

  • КОРИСТЕЊЕ НА ВАШЕТО SXS/UTV ИЛИ ATV ВОЗИЛО ЗА РИНЕЊЕ СНЕГ И ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД

    КОРИСТЕЊЕ НА ВАШЕТО SXS/UTV ИЛИ ATV ВОЗИЛО ЗА РИНЕЊЕ СНЕГ И ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД



    Прочитај напис
  • ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА

    ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА



    Прочитај напис
  • СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО

    СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО



    Прочитај напис