СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО

СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ВО ВРСКА СО КУПУВАЊЕТО НА ОФРОУД МАШИНА ОД ВАШИТЕ СОНИШТА

Ако отсекогаш сте сакале да знаете зошто се крева толкава врева во врска со side-by-side возилата (SxS) сега е вистинскиот момент да дознаете повеќе. Нивната популарност нагло се зголеми благодарение на нивната цврстина, сестраност и управување кое измамува насмевка. Тие се исто така и корисни алатки за многу примени. Ако сте љубопитни за феноменот наречен SxS за работа или забава, овој водич за купување ќе ви помогне да го пронајдете оној модел кој најмногу ви одговара.

Има многу работи кои треба да ги земете предвид кога купувате SxS или UTV. Со сите тие модели, опции, наменска цел, ценовен ранг и можности за финансирање, многу е лесно да заглавите и да не можете да донесете одлука. За среќа, овој водич ќе ви помогне да ги изберете вистинскиот модел за вашиот животен стил и потреби, ќе ви покаже кои опции се вистинските за вас и, најважно од сè, како да ја пронајдете најдостапната опција за плаќање која ќе одговара на вашиот буџет. Да почнеме!

 

ШТО Е ТОА SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛО (SXS) ИЛИ UTV?

Side-by-side возило (SxS) или јутилити возило (UTV) е офроуд возило со четири до шест тркала, со side-by-side профилирани седишта—оттаму и името—и волан кој би сакале да го водите во автомобил. Исто така имаат и многу карактеристики кои ги има во автомобилите, како што се појаси, педали за гас и кочница и кафези или решетки како заштита од превртување на возилото. Способност да се превртуваат и да совладуваат тешки терени ги прави многу популарни како офроуд возила за рекреативни потреби, но сè повеќе се користат и како возила за работа, особено од оние кои живеат во рурални подрачја или на фарми, каде влечењето и пренесувањето товар е секојдневна работа. Имајќи го предвид изборот на модели и опции, речиси сигурно ќе пронајдете SxS кој ќе може да се справи со речиси сите предизвици кои ќе му ги соочите.

 

ЗОШТО ДА ИЗБИРАМ ПОМЕЃУ SXS ИЛИ UTV?

SxS е во онаа златна средина помеѓу традиционалниот ATV возило со полна големина, како што е камион. Иако е брз и подвижен како и ATV, SxS возилото може да носи повеќе, има поголема моќ и е далеку потраен од стандардните камиони. Можат да поминуваат низ тешки моменти без грепка на бојата, скршено стакло или набиени панели. Со понизок центар на гравитацијата, овие возила имаат неспоредливо маневрирање во проблематични офроуд ситуации.

 

SIDE-BY-SIDE ИЛИ ATV? КОЈА Е РАЗЛИКАТА?

Возилото за сите терени (ATV), уште познато како возило на четири тркала или quad, е офроуд возило со раширено седење и управувач кој е многу сличен на оној кај мотоцикл. Има многу модели на ATV кои можат удобно да сместат две лица, но повеќе функционираат најдобро со еден возач. Од друга страна, SxS или UTV се направени да превезуваат повеќе луѓе—најмалку двајца патници па до шест—и се контролирани од волан и педали за гас и кочница, што е спротивно од управувачите. SxS возилата имаат поголем капацитет за товар во споредба со ATV, што значи дека можат да влечат поголем товар, што е добро за оние кои сакаат да влечат работи околу својата фарма.

За повеќе информации, види нашиот водич ATV наспроти SxS/UTV во кои детално се образложени разликите и предностите на секој од овие типови на возила.

 

КАКОВ ТИП НА SXS ИЛИ UTV Е НАЈДОБАР ЗА МЕНЕ?

Она што најмногу ќе ви помогне во одлучувањето е тоа кои ви се потребите. Кога се одлучувате помеѓу ATV, SxS или UTV, имајте предвид дека не значи дека едното е подобро од другото, а кога станува збор за возење во различни услови, активности и барањата на самото место, секое од овие возила има свои предности и недостатоци.

SxS или UTV ќе биде најдобар избор за вас ако сте возач кој нема толку големо искуство и кој ќе се чувствува попријатно ако седне и работи со контроли кои се многу слични на оние во автомобил, кој преферира помалку физички изискателен стил на возење кој го бара ATV возило, кој сака да превезува патници или за кого безбедноста е врвен приоритет и би сакал да има појаси и кафез како заштита во случај на превртување. Поради својот дизајн и понизок центар на гравитација, SxS возилата исто така се постабилни и полесни за контрола во споредба со типичните ATV возила.

 

КАКВИ ТИПОВИ НА SIDE-BY-SIDE И UTV ВОЗИЛА ИМА?

Повеќето SxS или UTV возила можат да се поделат во следниве главни категории:

Ова се возила кај кои перформансите се на прво место, со моќ, суспензија и управување кои ги прават да бидат брзи. Нивната моќ е докажана на трки и тие се многу побрзи во споредба со нивните јутилити братучеди а возачите сакаат да ги модифицираат со бескрајниот избор на додатоци.

Направени за земјоделска работа и комерцијални примени, овие возила имаат неверојатни капацитети за влечење. Исто така се мошне сестрани возила и можат да навигираат низ големи подрачја со тежок терен.

Како членови на SxS семејството кои се предвидени за сите намени, подготвени се за авантуристичко возење, возење низ кал или за лов. Нудат извонреден баланс помеѓу забавата и работата.

 

СПОРТСКИ SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛА

Ова е најбрзо растечката категорија на SxS пазарот, и има добра причина за тоа. Со моќните мотори кои овозможуваат максимални коњски сили, иновативна суспензија и одлични системи на тракција, тука се Can-Am моделите со Sport SxS кои се дизајнирани за секакви услови во вашата авантура.

Сакате да возите во пустина и по дини? Can-Am Maverick X3 MAX X rs Turbo RR го има најмоќниот side-by-side мотор во индустријата и е подготвен да „голта“ малку песок. Ако повеќе сакате калливи терени, тогаш за вас е Can-Am Maverick Sport X mr sports со 64 in. широко движење на суспензијата, кој е совршен за кал и за тешки терени. Can-Am Maverick X3 rc Turbo RR е создаден за лазење по карпи и со 24 in. (61 cm) движење на суспензијата, тој е врвниот фабрички модел за карпи и карпести терени, side-by-side возило кое ја остава конкуренцијата далеку зад себе.

 

ЈУТИЛИТИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛА

Нивни клучни карактеристики се големиот капацитет за влечење, големите кутии за товар за да се овозможи максимален капацитет за складирање и макари – оваа категорија на возила е онаа од која започна сè. Дизајнирани се да работат напорно со поголема носивост и капацитет за влечење. Некои од нив имаат широка клупа за 3 лица како напред така и назад, за пренесување до шест лица и честопати можат да прифатат секаква дополнителна опрема, од целосно затворени кабини со стаклени прозорци, греење и климатизација, до додатоци за чистење снег.

Овие возила се во златната средина; Can-Am Defender е главен пример за SxS возило кое не е класифицирано како комерцијално UTV туку се карактеризира со голем капацитет за влечење од 3,000 lb (1,360 kg) кој е водечки во индустријата и кој сопствениците го користат за целодневна работа на нива, но кој исто така функционира и како рекреативно возило во денови на одмор.

Ако сакате да купите јутилити side-by-side возило, погледнете го нашиот водич за да го одберете она SxS/UTV кое најдобро ќе одговара на работа на фарма.

 

SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛО ЗА РЕКРЕАТИВНИ ПОТРЕБИ

Главно се користи за лов, за возење по патеки и за семејни активности. Растојанието од земјата е од суштинско значење за возење по патеки а рекреативните SxS го имаат тоа во изобилие, што им овозможува без никаков проблем да се справат со длабоки калливи или карпести нерамни терени.

Can-Am Commander XT е произведен за моќ која е најдобра во класата, со сестрана кутија за товар на две ниво и карактеристики кои се фокусирани на возачот, што го прави совршен за возење по патеки. Ловците ќе го сакаат Can-Am Defender MAX Limited поради товарниот капацитет и можностите за носење на опрема, луѓе, работи и сè друго што мислите дека би сакале да земете со себе на враќање дома, со мултифункционална карго кутија, цврста задна врата и паметно складирање. Сега целото семејство може да учествува во забавата со Can-Am Commander MAX Limited кој има Rotax 1000R моќен мотор, сестрана кутија за товар со две ниво и заштитни карактеристики како што е засилениот целосен покрив направен од едно парче и со светларник.

Ако барате рекреативно side-by-side за возило за одење на лов, разгледајте го нашиот водич за да ви помогне во изборот на најдобриот SxS/UTV за лов.

 

КАКВИ ПАКЕТИ ИМА ЗА SXS?

Can-Am пакет опциите го олеснуваат изборот на карактеристики кои ќе одговараат на вашите офроуд потреби. Тие ќе ги задоволат сите ваши потреби а вие ќе возите SxS возило од вашите соништа. Да погледнеме!

Создаден за напорна работа. Направен да ја заврши работата. Има платформа 6 x 4.5 ft која е водечка во индустријата, целосно затворена кабина, автоматска контрола на климата, греење и одмрзнување, како и многу повеќе. Дознајте повеќе за нашата линија Defender PRO.

Означува модели кои имаат проширен простор за седење за 4 до 6 лица. Дознајте повеќе за нашата линија на side-by-side возила со 4 и 6 седишта.

Со динамички серво управувач за едноставна и директна помош во управувањето која е сензитивна на брзината, со повеќе моќ при помали брзини за да го намали напорот за управување и помалку моќ при поголеми брзини за максимално чувство на управување кај возачот

Целосно запечатена кабина за оние кои сакаат помалку прашина а повеќе заштита од елементите.

Дополнителни додатоци и надградби. Може да значи поголема надворешна заштита, надградени браници и макара.

Значи крос кантри. Овие карактеристики за дизајнирани за перформанси на патеки.

Дизајниран за возење по кал со додадено всисување, надворешна заштита, редизајнирана суспензија и тркала и гуми подготвени за мочурливи терени.

Дизајниран за ползење по карпи.

Дизајниран за возење во пустина/ патеки.

Дизајниран за возење во пустина/ по дини.

HVAC пакет (греење, вентилирање и еркондишн).

Фарминг/ ренчинг/ едиција за Тексас.

За постигнување на максимална тракција во најтешки услови, 6x6 додава две дополнителни тркала кои можат да се справат буквално со сè.

 

ATV ДОДАТОЦИ

Ова се некои од најпопуларните додатоци за ATV возила:

 

Како што видовте, има исто толку опции и конфигурации на SxS и UTV возилата колку што има и патеки за возење. Нема да погрешите ако си ја завршите домашната задача и внимателно ги разгледате сите вашите потреби. Достапен е Can-Am SxS кој ќе ги задоволи сите ваши потреби и ќе ја заврши работата, без разлика дали се работи за возење по патеки, јутилити, лов или рекреација и перформанси. Но, вие сте веќе ентузијаст кој сака да биде на отворено, па затоа нема потреба да ви кажуваме за подготовките. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

  • ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

    ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА



    Прочитај напис
  • ATV НАСПРОТИ SXS/UTV ВОЗИЛА: РАЗЛИКИ, ПОВОЛНОСТИ И СÈ ДРУГО

    ATV НАСПРОТИ SXS/UTV ВОЗИЛА: РАЗЛИКИ, ПОВОЛНОСТИ И СÈ ДРУГО



    Прочитај напис
  • ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА

    ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА



    Прочитај напис