ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

СИ ШТО САКАТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА ОФРОУД МАШИНА ОД ВАШИТЕ СОНИШТА

Купувањето ATV или возило на четири тркала може да биде збунувачко, додека огромниот избор на опции и можности може истовремено да биде интересен и да доведе до забуна. Овој водич ќе ви помогне полесно да ги увидите разликите, па без оглед на тоа дали сакате да купите АТВ за работа, за забава или за двете, ние ќе ве водиме низ секој чекор од купувањето.

Од аспект на модели, опции, цел, цени и можности за финансирање, има многу работи што треба да се земат предвид кога купувате ATV. Овој водич ќе ви помогне да го одберете оној ATV кој одговара на вашиот животен стил, ќе ви покаже како да ги изберете опциите кои се соодветни за вас и, што е најважно, ќе ви посочи како да ја одберете најприфатливата можност за плаќање, во согласност со вашиот буџет. Седнувајте на возачкото седиште! 


ШТО Е ATV ВОЗИЛО?

Возило за сите терени (ATV) се однесува на посебен тип на популарни теренски возила со четири тркала (офроуд) кои се направени лесно да се справат со тежок и неповолен терен. Вешти и во работни и во рекреативни средини, тие имаат гуми наменети за секаков терен со низок притисок, со големо растојание од земјата и со цврста суспензија. Ова значи дека тие лесно можат да се справат со груб терен, да минуваат низ длабока вода или кал и лесно да ги искачуваат наклоните и косините. Со големиот капацитет за влечење, некои од нив се незаменлив придружник во средини каде напорно се работи, како што се фармите, додека други возила можат да бидат полесни и побрзи, од аспект на рекреација и возбудувања. Во основа, постојат разни модели и опции па така е многу веројатно дека ќе најдете ATV што ќе прави речиси сè што од него ќе побарате.

 

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ATV, QUAD И ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА?

Со оглед на тоа што ATV возилата на три тркала го отворија патот за возилата со четири тркала, овие поими во најголем дел станаа синоними. Сепак, иако возилото со погон на две тркала може да се нарече ATV или quad, возило со четири тркала обично значи возило наменето за сите терени кое има погон на четири тркала или само погон на сите тркала.

И ако се прашувате што го прави ATV различно од side-by-side возило, погледнете го нашиот водич за ATV наспроти SxS/UTV

 

ДА ПОЧНЕМЕ: ОПРЕДЕЛЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

На самиот почеток, треба да одлучиме што сакаме од нашиот ATV. Дали треба да влече товар на место каде се работи? Дали ќе одиме на лов? Дали планираме да возиме по патеки со семејството? Дали сакаме да се натпреваруваме во спортски дисциплини со ATV. Дали ни треба флексибилен модел кој ќе може да прави од сè по малку? Без оглед на тоа каков е нашиот одговор, ова е првата работа во определувањето каков ATV би требало да купиме.

Сега кога имате груба претстава за што планирате да го користите вашиот ATV, да видиме кои се главните категории. 


ТИПОВИ НА ATV ВОЗИЛА

Прво, ATV возилата се разликуваат според големината на моторот. Таа се мери во кубни сантиметри или скратено „cc“. Некои ATV возила наменети за млади се помали, до 70 cc, додека други кои се наменети за напорна работа и кои се поспортски варираат од 450 cc до 1000 cc. Да ги разгледаме подетално овие категории:

Суштината тука се перформансите. Спортските ATV возила се лесни имаат длабока суспензија за да можат да се справат со големи скокови, тврди удари и брзи свиоци. Нивната моќ докажана на трки ги прави многу побрзи од нивните јутилити „братучеди“ и возачите уживаат во нивното модифицирање со безбројните додатоци кои им се на располагање.

Оние кои се направени за работа и за лов имаат суспензија со краток од, голем мотор и додатоци кои помагаат да се заврши работата. Тие се најпопуларниот тип на ATV возила благодарение на нивната способност за влечење но исто така и поради нивната тенденција да ви извлечат насмевка на лицето кога не се на работна должност.

Сенаменскиот член на семејството на ATV возила е подготвен за возење по авантуристички патеки, кампување, возење по кал или на лов. Овозможуваат одличен баланс помеѓу забавата и работата.

ATV возилата наменети за млади се со големина кој одговара на возраста и на способноста, со мотори во рангот од 70 cc до 250 cc. Нивните безбедносни карактеристики и едноставните автоматски трансмисии се совршени за младите возачи кои сакаат да го испробаат офроуд искуството.

СПОРТСКИ ATV ВОЗИЛА

Главен акцент тука е ставен на перформансите. Создадени за брзина, тесни свиоци и вешто ракување, тие се за трагачи по возбуда кои сакат да го завршат денот со бубачки исполепени на кацигата. Со моќни мотори, суспензија со долг од и со одлично ракување, спортските ATV возила овозможуваат возбудливо искуство во услови кои можат да бидат од пустински патеки до длабока кал. Can-Am Renegade X xc ги исполнува сите барања со својот моќен мотор со 91 КС 1000R, лачна двојна суспензија со А рамо за голема стабилност и сигурна широчина.


ЈУТИЛИТИ ATV ВОЗИЛА

Ова се најпопуларните типови на ATV возила и се карактеризираат со суспензија со краток од, големи мотори и многу додатоци наменети за работа или лов. Тие се сигурни работни машини во индустрии како што е земјоделството, каде од огромна важност се капацитетите за влечење. Ловците ги фалат овие ATV возила за возење по тешки терени и за влечење на голем товар. Често се користат како алатка но исто така се и многу забавни за да ги оставиме така, па затоа имаат своја примена и како рекреативни возила. Капацитетите за влечење од 1,650 lb (748 кг) кој е водечки во индустријата го прави Can-Am Outlander да биде предводник во оваа категорија. Неговиот LinQ™ систем за брзо прикачување на додатоците е совршениот цврст и мултифункционален багажен систем потребен да се заврши работата.

Ако сакате да купите јутилити quad возило, погледнете го овој наш водич за да го најдете најдобриот ATV за земјоделска употреба.


РЕКРЕАТИВНИ ATV ВОЗИЛА

Овие ATV возила делат неколку карактеристики со јутилити моделите, но имаат подобар баланс помеѓу завршување на работата и крстарење по патеките. За повеќето купувачи на ATV возила, тие се вклопуваат токму во тој совршен простор помеѓу функционалноста со полна сила која ја имаат јутилити моделите и неверојатните перформанси на спортски возила. Тие се изборот на Goldilocks од ATV категориите со точно одмерени способности за работа и за игра. Can-Am Outlander Mossy Oak Edition точно се вклопува во оваа категорија од соништата, со ексклузивна Mossy Oak Break-Up Country камуфлажа и фабрички инсталирани додатоци за лов.

Ако барате рекреативен ATV за вашите ловечки патувања, не пропуштајте го нашиот водич кој ќе ви помогне да го направите изборот на најдобар ATV за одење на лов. 


МЛАДИНСКИ ATV ВОЗИЛА

Се нудат во разни големини и со различна јачина. Станува збор за возила кои се безбеден и забавен начин за воведување на помладите возачи со возбудата на патеката. Безбедносните и удобните карактеристики во линијата Can-Am DS, како што се електричен старт, вградени опции за ограничување на брзината и управување што инспирира самодоверба, им овозможуваат на младите возачи совршен вовед во офроуд светот на забавата.


ШТО Е СО ПАКЕТИТЕ КАЈ ATV ВОЗИЛАТА?

Пакет опции на Can-Am го олеснуваат изборот на функции што ќе одговараат на вашите потреби за офроуд патување. Многу лесно ќе го најдете она што ви е потребно и ќе бидете сигурни дека на крајот ќе го возите ATV возилото од вашите соништа. Ајде да видиме! 

Укажува дека Can-Am е ATV возило со 2 седишта и може да смести и возач и патник. Дознајте повеќе за нашата линија на ATV возила со 2 седишта. 

Со динамички серво управувач, за лесна, директна помош при управување која е сензитивна на брзината, со поголема моќност при помали брзини за да се намали напорот за управување и помалку моќ при поголеми брзини за максимално чувство на управување кај возачот.

Дополнителни додатоци и надградби. Може да значи поголема надворешна заштита, надградени браници и макара.

P значи перформанси. Тука добивате сè во еден XT пакет како и големи надградби на перформансите, како што се FOX 1.5 Podium QS3 амортизери, Can-Am HD макара и дополнителни фабрички надградби.

Подготвен за крос кантри. Овие карактеристики се дизајнирани за перформанси на патеки.

Дизајниран за возење по кал со додадено всисување, надворешна заштита, подесена суспензија и тркала и гуми кои се подготвени за кал.

Оваа серија е наменета за конкретна употреба во одредени средини. North Edition е подготвен за зимски услови со шофершајбна, загреани држачи и низок „L“ степен на пренос, идеален за ринење низ снегот. Mossy Oak е подготвен за одење на лов со ексклузивна камуфлажа на Mossy Oak Break-Up Country и со 26 инчи. Carlisle ACT HD 6-ply гуми и засилени, мултифункционални багажници со LinQ™ систем за брзо прикачување на додатоци.

За максимална тракција во најтешки услови, 6x6 има уште две дополнителни тркала за да покори сè што ќе му зададете. Дознајте повеќе за нашата линија на 6x6 ATV возила. 


КАКВИ СПЕЦИФИКАЦИИ СЕ ВАЖНИ ЗА ЕДНО ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА?

Кога станува збор за ATV -а, најважните спецификации што треба да се земат предвид се моторот, способностите на возилото, опремата и технологиите. Обрнувањето на големо внимание на вашите потреби додека ги разгледувате овие опции, ќе овозможи дека ќе бидат задоволени сите ваши потреби.

 

МОТОР

Количината на моќност што ја сакате или која ви треба зависи од тоа како сакате да го користите вашето возило, каков возач сте, исто така и од вашиот буџет и од тоа дали сте почетник или искусен офроуд возач. За среќа, имате многу опции кога станува збор за моќноста. Ако влечете голем товар или ако влечењето на голем товар е дел од вашите работни активности, или ако сте возач ориентиран кон перформанси и кој копнее по брзина, веројатно она што вас ви треба е ATV возило со поголема зафатнина (се сеќавате на кубните сантиметри?) и поголеми коњски сили. Моторот со помала зафатнина е веројатно подобар избор за оние возачи кои повеќе ги интересира цената, или начинот на возење за помалку офроуд возачи. 

 

КАПАЦИТЕТИ И ДИМЕНЗИИ НА ВОЗИЛОТО

ATV возила кои секојдневно треба да работат напорно во индустрии како што е земјоделството, треба да бидат способни да влечат и да пренесуваат тешки товари. Ако сакате вашиот ATV да има долготрајни и напорни работни денови, ваш задолжителен приоритет треба да ви биде капацитетот за влечење, но исто така и капацитетот за складирање и оној за гориво. Не би сакале да останете без простор или да треба да ви помине денот во полнење гориво. 



ОПРЕМА

Правилниот избор на дополнителна опрема ќе биде клучен за да бидете сигурни дека се задоволени сите ваши потреби во однос на ATV возилото. Справување со груб терен? Ќе ставите приоритет на суспензијата за поудобно да ги поминете тие испакнатини. Макарата многу пати ќе ве спаси на стрмни терени и во мочуришни услови. Големите протектори на тркалата овозможуваат поголема тракција во истите тие услови, но протекторите од помал профил можат да обезбедат поголема удобност при пешачење со семејството или во обични денови за рекреација. Удобноста може да значи сè – и во текот на долгите работни денови и од утро до мрак на патеката, така што карактеристиките како што се серво управувач и контролата на гас можат да издржат големи напори. Can-Am нуди скоро бесконечен број на карактеристики и опции, затоа бидете сигурни дека добро сте размислиле за вашите потреби и дека на нив ќе одговараат додатоците што ги избирате за вашиот ATV.  

 

ТЕХНОЛОГИЈА

Исто како и автомобилите и камионите, новите ATV возила ги нудат најновите интересни технологии. Меѓу другото, Can-Am ги нуди овие напредни карактеристики на своите ATV модели, како што се динамички серво управувач со три начини на работа (DPS) за едноставна и директна помош при управувањето која е сензитивна на брзината, со поголем моќ при помали брзини за да се намали напорот за управување, и со помала моќ при поголеми брзини за максимално чувство за возачот. Can-Am Renegade и неговиот Rotax мотор нудат интелигентната контрола на гасот (iTC) за максимална удобност и контрола. Режимите за возење Standard, ECO и Sport, како iTC гас-преку-жица овозможуваат пријатно и моќно офроуд возење.



КОЛКУ БИ МЕ ЧИНЕЛО ЕДНО ATV ВОЗИЛО?

Како што веќе видовме, ATV возилата варираат според големината, способностите и карактеристиките. Во таа смисла, нивната цена, како и онаа кај ATV возилата со целосна големина, варира од 6.000 до 16.000 американски долари. Некои од најпопуларните и најдобро продавани, а сепак мошне способни јутилити ATV возила можат да се купат и за под 8.000 долари. ATV возилата за млади се поевтини и чинат помеѓу 2.000 и 5.000 долари. Двата најважни фактори што одредуваат колку чини едно ATV возила се големината на моторот и неговите карактеристики и додатоци.

Финансирањето може да биде одлична опција при купување на ATV и тоа ќе го направи возилото уште подостапно. Производителите како Can-Am нудат достапни начини за купување на теренско офроуд возило како што се ниски каматни стапки и други поволности. Финансирањето го прави офроуд возењето возможно и достапно за поширок круг на луѓе и честопати ви дава можност и да се надградите на помоќен ATV кој е опремен со многу корисни функции. Can-Am има едноставни алатки кои се користат за проценка на тоа колку би изнесувала месечната рата, а сè со цел да го најдете најдобриот ATV за вашиот буџет.



Како што можете да видите, има исто толку различни опции на ATV возила како и патеки за возење со тие возила. Донесувањето одлука за тоа што е најдобро за вас значи да почнете внимателно да ги разгледувате вашите потреби и да си направите домашна задачи. Од возење по патеки, јутилити и лов, до рекреација и перформанси, секогаш има некое Can-Am ATV возило што ќе одговара на вашите потреби. Само треба добро да се подготвите за вашиот лов. Но, тоа веќе го знаете.

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

  • ATV НАСПРОТИ SXS/UTV ВОЗИЛА: РАЗЛИКИ, ПОВОЛНОСТИ И СÈ ДРУГО

    ATV НАСПРОТИ SXS/UTV ВОЗИЛА: РАЗЛИКИ, ПОВОЛНОСТИ И СÈ ДРУГО



    Прочитај напис