ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА

ОСНОВНИ РАБОТИ ЗА НАЈСЕСТРАНАТА И НАЈМОЌНА АЛАТКА ЗА РАБОТА НА ФАРМА.

Земјоделството е сериозна работа и бара квалитетни и сигурни алатки. Без да се губи време, опремата секогаш треба да биде исправна и функционална а истото важи и за офроуд земјоделските возила како што се ATV и side-by-side (SxS/UTV). Со својот товарен капацитет, сигурноста на моторот и перформанси на влечење, овие возила се незаменливи алатки. Што би требало земјоделецот да бара од возило од ваков тип? Да ги видиме важните фактори што секој што работи во земјоделството треба да ги земе предвид кога купува офроуд возило за да работи заедно со него. 

 

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕМЕ ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА РАБОТА?

Земјоделството денес не наликува на она што се правело порано. Денеска тешко да видиме ѕевгари волови како влечат плуг, и наместо тоа тука се големите и моќни трактори и машинерија кои ја вршат големата работа. Но, што е со секојдневните задачи како што е носењето опрема и храна наоколу и влечењето на столбови за ограда до најоддалечените места на нивата? Токму за овие работни задачи, тука се вистинските мајстори – ATV и SxS/UTV возилата. Способни се за разни работни задачи и затоа се користат во земјоделството. Да ги погледнеме карактеристиките на овие офроуд возила кои се суштински за современата работа на нива.

ТРАНСПОРТ НА РАБОТИ ОКОЛУ ИМОТОТ

Веројатно најголемата помош која може да ја понудат ATV или side-by-side/UTV возилата е брзото и едноставно движење на работи околу имотот. Едно големо офроуд возило може лесно да носи стотици килограми разни работи секој ден и ја поедноставува целокупната ваква работа на имотот. Во комбинација со приколки, багажници и платформи, офроуд возилата нудат многу опции за носење товар и многу заштедуваат време и гориво, при што не морате да го палите тракторот, токму благодарение на овие возила.

 

ОРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА НИВАТА

Со додавање на длето или на плуг, како додаток, на задниот дел од моќно офроуд возило, вашиот ATV или side-by-side се претвора во минијатурен трактор. Кога немате место за голема машинерија или кога едноставно тоа не можете да си го дозволите, ваквиот мини трактор може да биде корисна алатка за култивирање на посевите и за пејзажно уредување.

 

НОСЕЊЕ ОГРЕВНО ДРВО ДО ФАРМАТА

Бербата и транспортот на огревно дрво е голема задача за повеќето фарми, и многу земјоделци ќе ви кажат дека е речиси невозможно во густата шума да влезе поголема машина. Токму тука доаѓаат до израз ATV и SxS/UTV возилата: можат да поминуваат низ тесен и неповолен терен, и можат лесно да носат огревно дрво до секаде каде што е потребно.

 

И МНОГУ, МНОГУ ПОВЕЌЕ

ATV и side-by-side возилата се сестран швајцарски ниж кога се работи за задачи, активности и проекти околу фармата. Со сите додатоци, нивниот потенцијал се чини дека е бескраен – сеење трева, отстранување на лисја, остатоци или чакал, или носење на градежни материјали околу имотот.

ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: КОЈ Е НАЈДОБАР ЗА РАБОТА НА ФАРМА?

Сега е веќе очигледно дека овие типови на офроуд возила се незаменливи секојдневни алатки во земјоделски контекст, и многу земјоделци дека нивната секојдневна работа е целосно сменета. Сепак, она што е тешко е да се избере дали ATV или SxS е соодветното возило за вашата фарма. И двете се извонредни машини, нема сомнение, но зависно од вашите лични потреби и околности, вие ќе го изберете возилото кое најмногу ќе одговара на вашата фарма. Да ги споредиме нивните предности.

ТОВАР И КАПАЦИТЕТ ЗА ВЛЕЧЕЊЕ: SXS/UTV

Ако споредуваме ATV и SxS/UTV за работа на фарма, супериорниот капацитет за товар е значителна предност на side-by-side возилата. Додека quad моделот како што е Can-Am Outlander овозможува исклучителен товарен простор со своите силни мултифункционални багажници и со LinQ™ системот за брзо прикачување на додатоци, side-by-side возилата имаат многу повеќе простор со своите карго платформи, просторот под седиштата и на други места. Карго кутијата на Can-Am Defender PRO DPS има димензии 72 x 54.5 x 10 инчи и може да чува до 1,000 фунти товар (453 kg). И тоа е само кутијата. Исто така има и капацитет за складирање од 94 галони (356 литри) со табла, под-табла и складирање со долна кутија, како и отстранлива и водоотпорна торба со алатки. Ова овозможува носење на секаков вид работи, без разлика дали се работи за платформа полна со сточна храна или кутии со алатки и други работи. 

Складирањето кај багажниците на повеќето ATV возила е поограничено, при што задниот багажник може да носи околу 200 фунти опрема (90 kg) а предниот најчесто околу 100 фунти (45 kg) Има и исклучоци, како што е Can-Am Outlander MAX 6x6 DPS, кој има преден багажник и карго кутија на две нивоа во задниот дел, со капацитет за товар од 700 фунти (317 kg).

 

ГОЛЕМИНА И МОЖНОСТ ЗА МАНЕРВИРАЊЕ: ATV

Додека side-by-side/UTV возилата имаа предност во однос на складирањето, ATV има предност во однос на маневрирањето. Ако претпоставувате возење низ густи шуми или друг тесен простор, тогаш подобра алатка за вас би бил ATV затоа што може да совладува тесни свиоци. Исто така е добро да се земе предвид дека ATV може да го собере на платформа на камион и така е лесен за транспорт. Помалата рамка наспроти SxS ги прави ATV возилата многу едноставни и за складирање.

 

ПАТНИЦИ И БЕЗБЕДНОСТ: SXS/UTV

Side-by-side возило, како камион или автомобил, значи дека возачот може да има и патник, па затоа и така се викаат. Ако патниците се постојано дел од вашиот секојдневен тим на фармата, тогаш во еден SxS како што е Can-Am Defender можат да седнат три возрасни лица, додека во MAX верзијата можат да седнат и до шест. Од друга страна, ATV со нивната максимална конфигурација, како што е Can-Am Outlander MAX DPS, собира најмногу двајца возрасни, како мотоцикл. Иако патниците се нешто што можеби нема да го имате секој ден, сепак ваквиот капацитет ја проширува корисноста на вашето side-by-side возило кое може да се користи во ретките денови на одмор за целото семејство да замине на авантура.

Во однос на безбедноста, SxS/UTV исто така се во предност затоа што овозможуваат заштита од превртување со појаси за врзување и странични мрежи.

ЦЕНА: ATV

Знаеме дека за фармите секој трошок е важен, и затоа една од големите разлики кога ги споредуваме ATV и SxS возилата е цената. Целиот тој зголемен простор за складирање, големината и удобноста си имаат цена; сепак се работи за многу поголемо возило. Во споредба со основните модели, како што се 2021 Can-Am Outlander 450/570 ATV и 2021 Can-Am Defender side-by-side, секое чини околу $6,299 и US$10,399 американски долари. 

Финансирањето го прави вашето офроуд земјоделско возило подостапно отколку било кога, при што производители како што е Can-Am нудат ниски каматни стапки и други поволности. Финансирањето овозможува овие возила да има станат достапни на поголем број на луѓе и ви дава можност да го имате она возило кое најмногу одговара на вашите земјоделски потреби, наместо да бидете ограничени поради цената. Тоа е исто така одличен начин да можете да си ги дозволите и додатоците кои навистина ќе го опремат вашето возило согласно барањата на вашата фарма. Проверете го нашиот калкулатор за проценка на плаќањето кој се наоѓа на интернет страницата на Can-Am.

 

СЛОБОДНИ ДЕНОВИ: ДВЕТЕ

Кога станува збор за слободните денови, ATV и side-by-side возилата имаат едно заедничко нешто: освен што имаат одличен капацитет бескрајно да помагаат во работењето на фармата, можат да се користат и за рекреативни цели и за забава во возењето. Can-Am Defender SxS и Can-Am Outlander ATV се некои од многуте популарни возила за фармери кои бараат нешто што ќе биде и јутилити и рекреативно возило.

Суштината е дека ATV и side-by-side/UTV возилата се одлични јутилити возила за на фарма и ќе отворат големи можности за она што сакате да го направите. Само треба да видите кој стил на возило одговара на вашите потреби.

 

КОИ ВАЖНИ СПЕЦИФИКАЦИИ ТРЕБА ДА ГЛЕДАМЕ ДА ГИ ИМА ЕДНО ATV ИЛИ SXS/UTV ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА УПОТРЕБА?                         

Ако треба да одлучите помеѓу ATV или a side-by-side/UTV возило за вашата фарма, тогаш има неколку важни работи кои треба да ги знаете: капацитет за товар, перформанси во влечењето и сигурност на моторот.

КАПАЦИТЕТ ЗА ТОВАР

Едноставно кажано, капацитетот за товар значи колку товар може да издржи платформата на SxS/UTV. Тоа е важно да се знае кога влечеме работи како што се вештачко ѓубриво, чакал или други нешта околу фармата. Колку е поголема платформата, толку покорисна ќе биде. Земјоделската употреба бара висок капацитет, и вашето возило ќе треба да може да се справува со големи количества и голема тежина. Големите возила, како што се оние во рангот на Can-Am Defender, можат да ви помогнат да се заврши работата со товарен капацитет од 1.000 lb (454 kg) а има и некои пакети, како што е Defender PRO, кои можат да поместат до 1.750 lb (793.8 kg), што е водечки капацитет во индустријата.

ПЕРФОРМАНСИ ЗА ВЛЕЧЕЊЕ

Влечењето е вообичаена активност на една фарма, а приколката го прави вашиот ATV или SxS многу моќен помошник во оваа смисла. Со HD8 и HD10 моторите, Can-Am Defender side-by-side возилата можат да повлечат до 2,500 lb (1,134 kg) а Defender 6x6 има водечки во индустријата капацитет за влечење од 3,000 lb (1,360 kg). Can-Am Outlander ATV исто така не е за потценување, затоа што може да повлече импресивни 1,650 lb (750 kg) што е уште еден водечки капацитет во индустријата.

МОТОР

Работата на фарма бара квалитетен мотор кој ќе може да го издржи целиот напор. Во споредба со другите употреби на ATV и SxS возилата, земјоделската работа значително го оптоварува моторот на возилото со сето носење, разнесување, влечење – што е многу повеќе од рекреативна употреба на возилото. За среќа, тука е моќната и  докажана линија на Rotax мотори кои ја овозможуваат споредбата на Can-Am ATV и side-by-side возила за да бидат помошници на земјоделците. Издржливите Rotax HD10, HD8 и HD5 мотори се совршена мешавина на забава и функција за семејството на Can-Am Defender family, а водечките во класата Rotax V-Twin мотори со 91 КС (1000R), 78 КС (850) и 62 КС (650) ги прават Can-Am Outlander ATV возилата вистински ѕверови кога станува збор за работа на нива.

 

 

КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ATV ИЛИ SXS/UTV ДОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКА УПОТРЕБА?

Како што видовме, ATV и SxS возилата имаат свои предности кога станува збор за земјоделска работа, но нивната функционалност навистина се унапредува со соодветните додатоци. Опремувањето на вашето офроуд возило со додатоци кои се прилагодени на вашите потреби ги трансформира овие возила во земјоделски машини кои можат да направат сè. Изборот на квалитетни офроуд додатоци кои ги нуди Can-Am е речиси бескраен, па затоа разгледајте ги оние кои би биле посебно интересни за земјоделски потреби.

 

ДОПОЛНИТЕЛНА ЗАШТИТА НА ФАРМАТА

Фармата е тешка средина. Дополнителната заштита во форма на предни и задни браници може да заврши многу работи и да го продолжи животот на вашето возило. Can-Am нуди специјални Rancher предни и задни браници за ATV и SxS возила за да ви овозможи безбедно да го користите вашето возило кога работите со стада говеда и со кои се зачувува безбедноста и на возилото и на животните, притоа овозможувајќи ви да правите сè – од нежно поттурнување на говедата до затворање на вратата. Инсталирањето решетка кај багажниот простор е задолжително, затоа што тешкиот товар може лесно да се лизне напред, и овие решетки ја заштитуваат кабината и патниците. Одличен пример за ова е Deluxe Headache Rack за Defender.

 

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ ЗА ГОЛЕМИ РАБОТИ

Одењето повеќе пати наваму-натаму значи повеќе време и пари за фармата. Постоењето на повеќе простор за складирање е од суштинско значење кога поместуваме големи количества чакал, сточна храна, алатки или сено. Ова е особено случај кај ATV возилата, кои имаат помалку простор отколку side-by-side возило. Додатоците како што е LinQ издржливата корпа за товар за вашиот ATV ви овозможува значително да го проширите товарниот капацитет. Додатоците за складирање исто така можат да бидат многу корисни за SxS/UTV за подобрување на капацитетот на нивната платформа. Меѓу другото, Can-Am нуди проширувачи на ѕидот на платформата наменети за нејзините Defender возила, кои се во вид на свитливи панели прилагодени на целосната или на половина од висината за да се натовари платформата до максимум.

 

МАКАРА ЗА ТЕШКИ СИТУАЦИИ

Многумина фармери ќе ви кажат дека еден од најважните додатоци за вашиот ATV или SxS е макарата. Таа е неопходна за да ве извлече од тешките ситуации кога патувате по груб терен или по меки површини како што се кал, снег или песок. Кога ќе дојде тој момент и кога (конечно) ќе заглавите, макарата буквално ќе ве извади од кал. Таа е исто така одлична за подигнување на голем и тежок товар или за влечење и расчистување на остатоци. Всушност, повеќето возила од серијата Can-Am Outlander или Defender имаат фабрички инсталирана макара со капацитет од 3.500 lb (1.587 kg).

ПОДГОТВЕНИ ЗА НАПОРНА РАБОТА НА ФАРМА?

Без разлика дали вашата фарма има потреба од ATV или SxS, и двата вида на овие офроуд возила ќе ги поедностават големиот број на секојдневни работни активности. Без разлика дали станува збор за поголеми растојанија, пристап до тешко достапни области, транспорт на храна, опрема и работници, или влечење на голем товар, овие возила ќе се покажат незаменливи. Со огромниот број на додатоци за опремување на вашето возило токму за земјоделски потреби, тоа дефинитивно ќе стане вашиот најсигурен и современ придружник во земјоделството. 

БЕЗГРИЖНА РАБОТА НА ФАРМАТА СО DEFENDER PRO

МОЖЕБИ И ВАС ВИ СЕ ДОПАЃА

  • ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ

    ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ



    Прочитај напис
  • СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО

    СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО



    Прочитај напис
  • ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

    ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА



    Прочитај напис