ATV НАСПРОТИ SXS/UTV ВОЗИЛА: РАЗЛИКИ, ПОВОЛНОСТИ И СÈ ДРУГО

ТУКА ЌЕ ОБЈАСНИМЕ СÈ ОНА ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕМЕ ЗА ДВЕТЕ НАЈЦВРСТИ ОФРОУД ВОЗИЛА

Животот е полн со тешки одлуки, а изборот на вистинското офроуд возило е една од нив. Како возач, секое возење сигурно ќе ви го разбуди адреналинот, но секогаш постои уште нешто што ја носи возбудата на сосема друго ниво. Кога имате избор помеѓу две опции,  како што се ATV или SxS/UTV, она што навистина би сакале да го знаеме е која е разликата меѓу нив, придобивките што ги има едното и другото и што е она што ги прави уникатни. Затоа, тука ги сведуваме оние информации кои ќе ви помогнат да го изберете возилото кое најмногу ќе ви одговара.

 

ПРАКТИЧНИ ДЕФИНИЦИИ ЗА ATV ВОЗИЛО И ЗА SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛО/UTV

Да почнете со јасни дефиниции за секое од овие возила. 

 

ШТО Е ТОА ATV ВОЗИЛО?

"ATV" е кратенка за возило за сите терени (all-terrain vehicle). Наменети за офроуд возење, ATV возилата, уште познати и како "quads" или „возила на четири тркала“, обично имаат четири тркала, позиција за седење со одвоени нозе и управувач. Нерамните патишта, тесните патеки, длабоката кал и стрмните косини се вообичаените терени за повеќето возачи на ATV возила. Овие возила се направени да можат да се справат со сè – гуми со низок притисок, издржлива суспензија, способност за маневрирање на тесни свиоци и возење со големи брзини. ATV возилата се имаат покажано многу корисни во работни средини и за рекреативни потреби. Способни се да влечат голем товар за напорна работа на нива и да ги овозможат сите возбуди кои би ги очекувале тогаш кога ќе се опуштите со ова возило во природа. Овие сестрани возила се достапни во повеќе модели и можат да се прилагодат на она што ви е потребно. 

Ако сакате да дознаете повеќе за ATV возилата и што треба да гледате кога купувате вакво возило, разгледајте го нашиот водич за купување на ATV возило.

 

ШТО Е ТОА SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛО ИЛИ UTV?

Side-by-side возило (SxS) е офроуд возило кое е препознатливо по својот дизајн со 4 до 6 тркала, со уникатните side-by-side седишта (оттаму и името) и систем за возење со волан и педали. Често има карактеристики кои се слични со автомобил, како што е рамката за заштита на патниците во случај на превртување на возилото или кафез и заштита од ветер кој дава слика на затвореност. Направен со издржлив и заштитен екстериер, овие возила се врвен избор за рекреативните авантуристички возења на отворено, а исто така се имаат докажано дека се и еднакво добри кога се користат за работа. Затоа уште се викаат и UTV возила (utility task vehicles) или јутилити возила, кои се произведени за работни задачи. Во денешно време, земјоделците, фармерите и ловците максимално ја користат способноста на ова возило да влече голем товар и да носи импресивни количества товар од едно до друго место. Со модели како што се Maverick X3 кај кое перформансите се на прво место, Traxter возилото и Commander возилото за работа и забава, како и големиот број на модификации кои се достапни за нив, пронаоѓањето на SxS возило кое одговара на вашиот стил на живот сега е едноставна задача.


Ако сакате да дознаете повеќе за типовите на SxS/UTV возила, нивната цена и друго, погледнете го нашиот водич за купување на side-by-side и UTV возило.

 

КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРЕДНОСТИ НА ЕДНО ATV ВОЗИЛО?

ATV и SxS/UTV возилата нудат неверојатна вредност. Ова се главните придобивки кои ги има ATV возилото во споредба со side-by-side возило.

Во споредба со SxS/UTV, ATV возилото е многу поманеврирачко благодарение на својата мала големина и способноста да прави итри движења. Повеќето од моделите не се пошироки од 50 инчи, и тоа ги прави совршени возила за тесни простори и исклучително тесни свртувања кои се карактеристични за офроуд патеки. Ако возите авантуристички низ густа шума, тогаш најдобар избор за вас е quad.

Кога буџетот е ограничен, ATV возилото е најдобар избор. Во основниот модел SxS/UTV возилото чини повеќе поради безбедносните карактеристики вградени во неговиот дизајн. Освен тоа, кога станува збор за прилагодување на side-by-side возилата, големиот избор на можни модификации—како што се аудио систем или LED осветлување—значително ја зголемува цената.

Убавината на ATV возилото е што е доволно мало што можете да го земете со себе каде и да одите. Нема потреба од големи приколки! Без никаков напор да го наместите во платформата на пикап камионот и да го складирате исто толку едноставно.

Во однос на тежината, ATV е полесен од SxS/UTV. Ова прави цела разлика кога станува збор за тип на трева по која планирате да возите. Ако возите на јака трева, и двете возила одлично ќе ја завршат работата. Но, кога станува збор за мека трева, можеби ќе сакате да имате возило како што е ATV, кое има малку помало влијание врз теренот под него. 

Големината и дизајнот на ATV го олеснуваат влегувањето и излегувањето. Ова е супер корисно тогаш кога треба да се завршат задачи кои бараат од вас да застанете или за кои треба да одите често пати. Во споредба со SxS/UTV, каде што треба да се наместите пред да излезете, во возилото на четири тркала се влегува веднаш и исто така веднаш започнува да се движи. 

Накратко, ако сакате возење што е активно и ценовно достапно, во кое можете да уживате и самостојно и што е доволно разноврсно за различни терени и активности, ATV вашиот вистински избор.

 



КОИ СЕ ГЛАВНИТЕ ПРИДОБИВКИ НА SXS/UTV?

Да видиме кои се главните придобивки од side-by-side и UTV возилата

Товарниот и просторот за складирање се голема предност на side-by-side возилата. Не велиме дека ATV не може да носи товар, но SxS/UTV возилата се произведени така да имаат прегради низ целото возило, како на пример под седиштата и на платформата предвидена за товар. И сето ова дури и пред да правите било какви модификации на вашето возило за да имате дополнителен простор за складирање.

Ако капацитетот за седење го споредиме со ATV возилата, овој капацитет кај SxS/UTV возилата е дизајниран за возење на повеќе луѓе. Со своите side-by-side седишта, тие овозможуваат двајца до тројца патници напред и, зависно од моделот, уште неколку патници позади, благодарение на вториот ред седишта.

Поради својата големина и поголемиот мотор, side-by-side возилата имаат поголем капацитет за носивост, што им овозможува да носат не само повеќе опрема, туку и опрема која е поголема и потешка. Во зависност од вашата употреба на возилото, поседувањето на Can-Am Traxter кое може да повлече до 3.000 lb (1.360 кг) е нешто што може да направи голема разлика. 

Ако планирате да направите измени на вашето теренско возило, side-by-side возилото е вистинската работа. Не само што неговиот дизајн го олеснува додавањето на повеќе додатоци, туку има многу поголем избор на прилагодувања кои се достапни за овој тип возила. Голем број на возачи на SxS/UTV трошат многу пари на персонализирање на своето возење и на тоа да ги подобрат неговите перформанси по своја желба. Can-Am има одлична линија на додатоци за side-by-side возила! Можете веднаш да проверите како изгледа прилагодениот SxS со додатоци, со нашата Customize Your Own алатка.

Ако најважна ви е безбедноста, тогаш SxS/UTV е она што ви е потребно. Во споредба со отворениот дизајн на ATV, side-by-side се позатворени со бариера. SxS/UTV возилата се познати по тоа дека имаат карактеристики како што е кафез за заштита во случај на превртување, појаси и ветробрански стакла кои го штитат патниците и возачот од временските услови, а можете да додадете и голем број на безбедносни прилагодувања кои одговараат на вашето ниво на комфор.

Дизајнот на SxS/UTV кој е сличен на оној кај автомобилите и контролите за возење го прават ова да биде удобен избор кој ќе им одговара на сите возачи, без разлика на вештините кои ги имаат или капацитетот на телото. Од друга страна, quad возилата се физички потешки за возење и бараат голема рамнотежа за да се контролира возилото. Ако удобноста е она што го барате, тогаш side-by-side возило е она што ви треба.

 

Во суштина, ако барате да имате возило што можете да го персонализирате, со кое можете удобно и безбедно да истражувате на отворено и што ви овозможува да понесете опрема или патници колку ќе што сакате, SxS/UTV е вистинскиот избор за вас.

 

 



ATV НАСПРОТИ SXS/UTV: НАЈДОБРОТО ВОЗЕЊЕ ЗА СЕКОЈА УПОТРЕБА

Сега кога ја знаете дефиницијата за ATV и за side-by-side возило и ги разбирате главните придобивки што ги издвојуваат едните од другите, да видиме кое од овие теренски возила е најдобро за одредени намени. Дали ATV е подобар од SxS/UTV за лов? За семејно возење? Еве го нашето мислење! 

ATV и side-by-side возилата се корисни возила за лов од разни причини. Сè зависи од теренот и видот на лов кој би го правеле. Ако планирате лов во подрачја кои се карактеризираат со густа шума и грмушки или ако треба да се помине низ непредвидлив терен, тогаш ваш избор треба да биде возило на четири тркала. Од друга страна, ако сте на лов по крупен дивеч со повеќе луѓе и со себе треба да носите опрема, тогаш посоодветни се SxS/UTV возилата. Дознајте повеќе за тоа како да го изберете најдобриот ATV или SxS/UTV за вашиот стил на лов.

Офроуд возило секогаш може да се користи на фарма. ATV и SxS/UTV возилата се одлична опција за вакво работно опкружување но, зависно од ситуацијата, едното може да биде попрактично од другото. На пример, ако треба со себе да носите голем товар, опрема за влечење, или да влечете тежок товар како што е приколка, тогаш side-by-side возилото дефинитивно е избор за вас. Ако вашата работа на нива подразбира многу често движење наваму-натаму, без притоа да мора носите многу товар, тогаш quad возилото ќе биде доволно за вас. Дознајте повеќе како да го изберете најдобриот ATV или SxS/UTV за земјоделска употреба.

Ако планирате да возите офроуд со семејство или со група на пријатели, тогаш side-by-side е вистинското возило за вас. Неговиот капацитет да носи до шест патници и повеќекратните безбедносни карактеристики не само што го прават ова возило идеален избор, туку е и безбеден избор. Дури и повозрасните лица можат да се придружат на забавата! SxS/UTV возилата дефинитивно ви овозможуваат да имате заеднички авантури на отворено.

Двете возила се произведени со цел да бидат возени по неистражени патишта, така што возењето по патеки не е никаков проблем. Сè зависи од тоа по каква патека очекувате да возите. Ако повеќе сакате тешко достапни подрачја со тесни патишта и пречки по патот, тогаш ATV возило е изборот за вас. Ако повеќе сакате авантура во дивината во која ќе се чувствувате удобно, со опрема и со сите други предмети кои ќе ви требаат, тогаш side-by-side возилата се подобар избор за вас.

Без разлика за какво возило ќе се одлучите, ќе сакате да возите и по снег. ATV и SxS/UTV се одлично возила за зимски услови. Тие се забавни и моќни, имаат одлична тракција и дефинитивно ја завршуваат работата. Ако не сакате ладно, тогаш повеќе би ви одговарало side-by-side возило како што е Can-Am Defender Limited, затоа што неговата кабина ќе ве заштити од ладната средина и од снегот. Ако, од друга страна, воопшто не ви е гајле за временските услови, тогаш возило на четири тркала, како што е Can-Am Outlander, е она што ќе ви заврши работа. Научете како да го изберете најдоброто ATV или SxS/UTV за ринење низ снегот и за возење во зимски услови.

Ако сакате да ја почувствувате возбудата на возење по пустини или карпести ридови, ќе ви треба офроуд возило кое ќе може да се справи со тие предизвици. Side-by-side спортските модели се произведени за вакви терени, затоа што имаат моќни мотори и иновативна суспензија. Can-Am Maverick SxS моделите се токму за такви интересни и диви средини, со лајсни и сè друго што е потребно.

 

ATV и SxS/UTV возилата можат да се прилагодат на активноста и на средината во која вие би се наоѓале. Дефинитивно има многу модели и додатоци за таа намена. Некои возила, како што се Can-Am Outlander ATV или Can-Am Commander SxS се специјализирани за работа и за игра, така што ќе го добиете најдоброто во однос на тие две работи!



ATV НАСПРОТИ SIDE-BY-SIDE/UTV? ОДГОВОРОТ ГО ЗНАЕТЕ САМО ВИЕ!

Кога се мислите дали да набавите ATV или SxS/UTV, добро е да знаете дека и едните и другите се одлични возила. Секое од нив си има предности и недостатоци, зависно од фактори како што се средината, активностите и логистиката. Така што, на крајот на краиштата, сè зависи од вас. Вие возите – вие одлучете. Многу луѓе се решаваат да ги имаат и двете и со тоа да ги покријат сите свои потреби. Не е грешка ако воопшто не се одлучите и ако постапите исто како нив!

 

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

  • СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО

    СЕОПФАТЕН ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ SIDE-BY-SIDE (SXS) И UTV ВОЗИЛО



    Прочитај напис
  • ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА

    ВОДИЧ ЗА КУПУВАЊЕ НА ATV/ ВОЗИЛО НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА



    Прочитај напис
  • ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SXS/UTV ВОЗИЛО ЗА СЕМЕЈСТВА СО ДЕЦА

    ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SXS/UTV ВОЗИЛО ЗА СЕМЕЈСТВА СО ДЕЦА



    Прочитај напис