ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SXS/UTV ВОЗИЛО ЗА СЕМЕЈСТВА СО ДЕЦА

ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НАЈДОБРОТО ОФРОУД ВОЗИЛО ВО КОЕ ЌЕ МОЖЕ ДА УЖИВА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО.

Семејствата се секогаш заедно, и во добро и во лошо. Уживањето во активности заедно е само еден од начините на кои членовите на семејството се поврзуваат едни со други и создаваат трајни сеќавања. Веруваме дека активностите на отворено имаат голема улога во градењето на семејните врски, па затоа нуди повеќе извонредни начини за тоа. ATV и side-by-side возилата (SxS) се одлични начини за искуство со авантура на отворено како семејство – оние кои веќе направиле вакво нешто знаат за што станува збор. Во денешно време, офроуд возилата се направени да сместат повеќе од едно лице а притоа сите да бидат безбедни, така што возачите од било која возраст можат да уживаат во убавините кои ги нуди отворениот простор!

Во овој текст ќе ги образложиме сите работи кои треба да ги знаете – од тоа кои се најдобри ATV и SxS возила за семејства и кои додатоци се најсоодветни за да ги издигнат на највисоко ниво, до возбудливи офроуд активности кои кај вашето семејство постојано ќе ја будат желбата за уште една и уште една авантура.

 

ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: КОЕ Е НАЈДОБРО ЗА СЕМЕЈНО ВОЗЕЊЕ?

Кога планирате офроуд искуство со семејството, две работи што треба да ги имате предвид се капацитетот за патници и безбедноста на возилото. Изборот на возилото целосно треба да одговара на бројот на членови на семејството кои ќе се возат со вас како патници. Ако имате бројно семејство и очекувате да имате 2-5 патници, тогаш SxS/UTV возило би било најсоодветен избор за вас. Тие се направени комотно да можат да носат до 6 патници, со два реда седишта на некои модели. Ако сакате да остане на минимум и да носите само по еден член на семејството во исто време, тогаш изберете ATV возило.


Безбедноста е голем елемент за кој исто така треба да водиме сметка. Сите офроуд возила се направени земајќи ја предвид безбедноста на возачот и на патниците, но SxS/UTV возилата се направени да бидат побезбедни затоа што на основните модели имаат појаси, странични додатоци и кафез за заштита во случај на превртување на возилото. Ова, секако, не значи дека ATV возилата не се безбедни. Всушност, фактот дека се произведени како безбедни возила е една од многуте предности на ATV возилата а тука се и безбројните додатоци со кои можете да ја подобрите безбедноста на возењето.

Да ги разгледаме подетално разните ATV и SxS/UTV модели за да го направиме најдобриот избор за офроуд возење за вас и вашето семејство.

 

SXS/UTV ЗА ПОВЕЌЕ ПАТНИЦИ ИЛИ ATV ЗА ДВАЈЦА ПАТНИЦИ, ЗА СЕМЕЈНО ВОЗЕЊЕ?

Сега, кога знаеме дека капацитетот на патници е главен елемент кој треба да го имаме предвид, прашањето е колку седиште реално ќе ни требаат. Дали со себе ќе носите едно лице, или ќе правите журка со четири лица? Ова се најдобрите опции кои ги имаме зависно од големината на вашето семејство.

SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛО СО ЧЕТИРИ ИЛИ СО ШЕСТ СЕДИШТА ЗА ГРУПА

Ако сметате дека 2-3 седиште на основните модели на SxS/UTV возила се недоволни за вашиот стил, тогаш ќе треба да изберете возило со дополнителен простор. Една од најдобрите семејни опции за возење што ја имате во категоријата SxS е Can-Am Maverick Sport MAX DPS. Може удобно да смести до 4 патници, има модерен дизајн и е многу простран за носење опрема со вас. Исто така е произведен да биде безбеден, со профилиран кафез кој е одобрен од ROPS и надворешна заштита од терен. Друга опција за семејство е познатиот сестран Can-Am Commander. Ако сакате возило што комбинира забава за семејството и работни задачи, Can-Am Commander MAX XT со 4 седишта е возило за вас. Commander го нарекуваат машина што прави сè, и има причина за тоа! Конечно, ако сакате да го зголемите бројот на патници на 6, Can-Am има и неколку опции за возила со 6 седишта со повеќе од доволно простор за товар. Дознајте повеќе за Can-Am линијата на side-by-side возила со 4 или 6 седишта.

 

2-UP ATV ЗА ВАС И ЗА УШТЕ ЕДЕН СО ВАС

Горенаведените SxS/UTV возила не се единствената опција за семејно возење. 2-up ATV е корисна алтернатива за заеднички авантури на офроуд патеки со едно од вашите деца или со партнерот. Може комотно да смести втор патник и му овозможува да ужива во адреналинското возење. Едно возило кое го нуди ова искуство е Can-Am Outlander MAX DPS. Има динамична ергономија за комфор на патниците и повеќе позиции за сместување, така што вашиот член на семејството ќе може да се опушти и да ужива во пејзажот. Ако сте голем фан на ATV возилото но сакате да уживате и со повеќе членови на семејството, еден начин за тоа е да се купат неколку возила. Секој ќе има свое возило и ќе може да го управува како што сака. Дознајте повеќе информации за Can-Am линијата која има ATV возила со две седишта.

 

ВОВЕДЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА ВО ОФРОУД ЖИВОТОТ СО МЛАДИНСКИТЕ ATV ВОЗИЛА

Ако вашето семејство има деца на возраст од 6 години и повеќе, можете да им купите нивно возило и потоа заедно да возите по патеките! Линијата на DS ATV од Can-Am има избор на ATV возила наменети за млади кои ќе ги воведат младите возачи во офроуд начинот на живот. Овие квалитетни Can-Am машини се дизајнирани имајќи ја предвид безбедноста на децата и имаат електричен стартер, опции за ограничување на брзината и управување кои овозможуваат доверба. Децата можат да ја доживеат независноста и самостојноста во возењето и да научат да возат по патеки на вистински начин. Дознајте повеќе за линијата Can-Am DS на младински ATV возила. 

 

ДОДАТОЦИ ЗА ATV И SIDE-BY-SIDE ВОЗИЛА ЗА НАЈДОБРО СЕМЕЈНО ВОЗЕЊЕ

ATV и SxS додатоци како што се оние од Can-Am се дизајнирани да го направат подобро секое возење со вашето офроуд возило – дури и оние возења со семејството. Тие овозможуваат дополнителна безбедност, и задоволство во целото искуство. Ова е листа на додатоци кои мора да ги имате за најдобро семејно искуство во возењето.

Ако вашето семејство не е навикнато да вози по патеки или по разни временски услови, тогаш добра инвестиција се ветробранските стакла. Тие ќе ве заштитат од ладно, ветар, дожд и снег и ги штитат патниците од прашина, бубачки и полен во воздухот. Го прават возењето многу поудобно, при што ветерот се турка во друга насока, наместо во вас и во лицето на членовите на вашето семејство. Набавете ветробрански стакла за ATV и SxS возилата уште денес.

Семејните возења со отворен SxS/UTV се забавни и возбудливи. Се чувствува како да сте повеќе влезени во акцијата, додека свежиот воздух ви дува по лицето а вие се возите по патеките. Но, тука е и другата страна. Отвореното возило ве изложува на понекогаш неочекувани елементи на отворено. Додатоците за покрив гарантираат дека вашето семејно возење ќе продолжи без прекин, без разлика на временските услови! Жештината на сонцето или дождот што паѓа нема да бидат проблем за вас. Тие се исто така одлични за заштита и на целата опрема што ја носите со себе во авантура. Купете покриви за side-by-side возила уште денес. 

Кога се движите наоколу, сте на лов или едноставно одите на авантура по природни патеки заедно со вашето семејство, обврзани сте да носите опрема со вас. Зголемувањето на капацитетот за складирање со користење на додатоци за товар е најдобар начин за да обезбедите дека со себе сте понеле сè што е потребно за незаборавно возење. Кутиите за товар се една од опциите кои можат лесно да се инсталираат на ATV и SxS/UTV возилата. LinQ кулер кутијата е исто така корисна кога со себе носите храна и пијалаци за излет во природа и пикник, затоа што ги одржува свежи благодарение на изолацијата со пена која е со врвен квалитет. И секако, багажниците за складирање се онаа класична опција за додавање дополнителен простор во вашето возило кој безбедно ќе ги држи вашите работи на место, без разлика каде и да одите.

Додавањето аудио додатоци на вашата машина е едноставен начин за поголема забава при возење со семејството. Системите со звучници на Can Am се лесни за инсталирање и имаат разни стилови, во зависност од тоа дали возите ATV или SxS/UTV возило. Имањето музика за сите ваши семејни авантури сигурно ќе создаде трајни спомени! Купете ги нашите моќни и сигурни автомобилски аудио системи уште денес. 

 

 

БАРАТЕ АВАНТУРИСТИЧКА ОФРОУД СЕМЕЈНА АКТИВНОСТ?

Тогаш го најдовте она што го барате. Проектот на BRP, Uncharted Society, е вашиот клуч за незаборавно офроуд возење со вашето семејство. Сè што треба да направите е да ја изберете локацијата и ние ќе ви обезбедиме сè друго што ви треба - возило, интересни места, безбедносна ориентација, карта и упатства за работа - за да ја доживеете во потполност. Водете го вашето семејство низ највозбудливите делови на светот со теренска машина по ваш избор. Верувајте ни, нема да зажалите. Доживејте безброј офроуд авантури на некои од најубавите места на Земјата сега!

 

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ СО СЕМЕЈСТВОТО!

Откако ќе одлучите кое возило ќе го користите за вашите офроуд семејни авантури, забавата ќе дојде сама по себе. ATV и side-by-side се одлични возила кои на семејствата им овозможуваат возбудувања, авантури и квалитетно време за градење семејни врски што ќе го паметат долго време. 

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

  • ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ

    ИЗБОР НА НАЈДОБРОТО ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV ВОЗИЛО ЗА ЛОВ



    Прочитај напис
  • ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА

    ATV ИЛИ SIDE-BY-SIDE/UTV: ОДБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРИОТ ORV УПОТРЕБА НА ФАРМА



    Прочитај напис
  • КОРИСТЕЊЕ НА ВАШЕТО SXS/UTV ИЛИ ATV ВОЗИЛО ЗА РИНЕЊЕ СНЕГ И ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД

    КОРИСТЕЊЕ НА ВАШЕТО SXS/UTV ИЛИ ATV ВОЗИЛО ЗА РИНЕЊЕ СНЕГ И ЗА ЗАБАВНИ АКТИВНОСТИ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД



    Прочитај напис