Секогаш има нешто специјално во првото возење на моторна санка. Дури во средно училиште Ashleigh Abner, родена во Минесота ја открила својата страст кон моторните санки.
Таа забележала дека заедно со возачките дозволи и нејзините соученици ја откриваат слободата низ патеките со своите санки. Таа знаеше дека сака да влезе во тој свет.
За нејзиниот 16-ти роденден, Abner сама си ја купила својата прва санка - светло жолта Ski-Doo MXZ 600 2010 година.Не и требаше долго нејзината страст да прерасне во еден лет кој резултирал со основање на компанијата за возење наречена "Sled Girlz". Нејзината мисија: Зајкнување на женските возачи во спорт во кој се доминатни мажите. Таа во тоа апсолутно успеала! Заедно со облеката за моторни санки за жени, дел од мисијата на компанијата „Sled Girlz“ е создавање на заедница на женски возачи со што се охрабрува и овозможува простор за жените да растат и заедно да го научат спортот за возење на санки.
Абнер укажува на фактот дека возењето со санки е спорт во кој секој може да ужива и да го прифати. Без разлика дали сте возач или уживате во длабокиот снег во неоткриена средина , зимската убавина на мајката приода е неверојатна. Во таа убавина додадете ги местата, луѓето како и животните спомени со што ќе го креирате совршениот рецепт за доживотна зависност.
Кога ја прашале каков совет има за новите возачи во овој спорт, првото нешто што излегло од нејзините усни е да се приклучат во клиниката на возачи. Вежбајте, вежбајте, вежбајте и никогаш не престанувајте да учите. После помината декада од возење на моторни санки, нејзината единствена желба е да можела порано да го открие Тоа Ski-Doo чувство .