КАКО ДА ГО КОРИСТАМ BRP GO! АПП?

Неодамна ажурираната апликација BRP GO! го збогатува вашето искуство во возење на моторни санки се до овозможување на целосно нови можности кога станува збор за откривање на нови области, возење со пријателите, следење на возењето и навигација по патеките. Најновото освежување на апликацијата BRP GO! создаде единствено корисничко искуство кое го подобрува возењето во секој поглед. Подолу ќе дадеме детално истражување на некои од ажурираните функции кои ги нуди најновата верзија.
 

Поврзивање на Возила

Едно од најголемите подобрувања на апликацијата BRP GO! (BRP GO! app) е едноставното конектирање кога станува збор за возилото. Апликацијата BRP GO! сега ја содржи технологијата за поврзвање на апликацијата BRP Connect, така што повеќе нема потреба да работите помеѓу две апликации за да се поврзете со вашата моторна санка. Дополнително по првичната поделба на уредот и санката, екранот на вашата санка автоматски ќе го препознае вашиот отклучен уред и автоматски ќе се конектира со вашиот уред, така што нема потреба од повторување на процесот за поставување/поврзување.



Целосно новиот водич за поврзување со возилото ќе ви помогне беспрекорно да го поврзете вашиот уред со возилото кое е опремено со 7.8inch инчи широк екран, при што ви се овозможува да ги контролирате вашите омилени апликации со употреба на контролите на вашата санка како и ви се овозможува пресликување на информациите од апликацијата BRP GO! од телефонот директно на екранот на вашата санка.

Навигација по Патеки за Моторни Санки

Откако ја симнавте апликацијата и креиравте кориснички профил, спремни сте да започнете со истражување со BRP GO! Едноставно изберете го игралиштето за „снег“ од менито и ќе влезете во виртуелниот свет на патеки за моторни санки, постојки за гориво, сместување погодно за санки како и места покрај патеката.

Можете да пребарувате по мапа или пак да користите функција за пребарување за брзо да го идентификувате типот на точката од интерес што ја барате и при тоа да ја видие одалеченоста на точката од интерес од вашата моментална локација.

Поврзете се со Вашите Пријатели

Лиѓето со кои возиме се оние кои го прават возењето на моторни санки одлично и секое возење незаборавно. BRP GO! ви овозможува да ги поканите вашите пријатели да ви се приклучат во возењето. Потребно е само да им испратите покана на вашите пријатели преку апликацијата и со тоа можете да организирате групно возење на моторни санки со нова маршрута, да ги однесете на претходно зачувано возење или пак да го најдете совршеното место са средба на самата патека. Откако ќе ја прифатат вашата покана и ќе креираат нивни BRP GO! кориснички профили, ќе можете да се следите низ патеката, но и во било кое друго возење кое заеднички ќе го одберете.

 

Off-Line Навигација

BRP GO! ви овозможува да го испланирате ултимативното бегство, но во исто време и да останете поврзани. Планирајте ја вашата маршрута на возење пред време во апликацијата и при тоа преземете ја за да навигирате кога вашата авантура ќе ве оддалечи од мобилниот сервис. Со преземање на вашата маршрута кога сеуште сте под мрежна покриеност или покриеност со Wi-Fi ќе можете да ги искористите некои од функциите како што е навигација чекор-по-чекор каде и да возите.

СИТЕ ВАШИ ПРАШАЊА, ОДГОВОРЕНИ

НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ?

АКО СЕУШТЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ ЛОКАЛЕН ДИЛЕР ИЛИ КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ТУКА!