ЛЕГЕНДАРНАТА МОЌНОСТ НА ROTAX

Стандардот за моќност, сигурност и перформанси

Моќта која што ве движи

Моторите BRP Rotax се познати како централи кои ја дефинираат индустријата со голема моќност, брза реакција, економична потрошувачка на гориво и масло и неспорна сигурност. Од коњски сили од кои затреперува срцето, па се до чиста, ефикасна корисна снага, постои мотор BRP Rotax дизајниран конкретно за вашите потреби.

ДРЖЕТЕ СЕ

Нашиот најмоќен мотор

180 Коњски сили

Многу повеќе од само поместување на границите. Новиот четиритактен мотор Rotax 900 ACE Turbo R може да се пофали со 180 КС совршено калибрирани да овозможат супериорни тркачки перформанси и целосна доминација над патеката.

ЗА ОНИЕ КОИ НЕ САКААТ ОДБИВАЊЕ

Мотор Rotax 850 E-TEC Turbo

Само возете се

Дизајниран од Rotax токму за моторните санки на Ski-Doo и совршено интегриран со платформата REV Gen4, моторот Rotax 850 E-TEC Turbo пружа едноставност и сигурност директно од фабрика. Нема потреба од делови од секундарен пазар, штелување, инсталирање – само возете се.

ЗАБАВА НА НАЈВИСОКО НИВО

Мотор „Rotax 600 EFI“

Перформанси кои можете да си ги дозволите

Во основа, моторот на моторната санка треба да биде сигурен, забавен и лесно достапен. Моторот „Rotax 600 EFI“ го поминува тој тест со своите 85 КС, оставајќи ве со широка насмевка под шлемот.

МОЌ ПРИ СЕКОЕ ВОЗЕЊЕ

Најдете ја својата совршена моќност