Како што се затоплува времето, нашите мисли почнуваат да се ориентираат кон претстојната Sea-Doo сезона. Еве краток потсетник и неколку совети да го подготвите вашиот Sea-Doo за нова сезона.
Без разлика дали сте тип на личност „сам свој мајстор“ или „ќе се обратам во претставништвото“, следењето на овие чекори по наведениот редослед ќе ја заштити вашата инвестиција во вашиот скутер и ќе обезбеди да биде подготвен за максимална функционалност веднаш кога вие ќе бидете подготвени за првиот излет на вода во новата сезона.
Секогаш може да се потпрете на вашиот прирачник за помош во овој процес. Вашето локално претставништво на Sea-Doo исто така е одличен ресурс за помош при подготвување на вашиот Sea-Doo за уште една нова сезона.
Почнете од свеќичките
Свеќичките треба да се заменуваат после неколку сезони за да бидеме сигурни дека нема да нé изневерат при впловувањето кога ќе дојде првиот топол ден. Добро е да се проверуваат или менуваат вашите свеќички како што е покажано во водичот за управување. Лесно се заменуваат, а и вашето претставништво за Sea-Doo може да помогне.
1. Отстранете го седиштето или поклопецот (ако се работи за SPARK модел) за да отворите пристап до моторот.
2. Извадете ги бомбините.
3. Со помош на клуч од 5/8-инчи отстранете ја свеќичката од моторот.
4. Проверете дали е истрошена и заменете ја со нова ако е потребно.
5. Монтирајте ја свеќичката (или новата замена) со внимавање да ги погодите навоите при повторното поставување.
6. Монтирајте ги и приклучете ги бомбините.
Дознајте како да смените свеќички на Sea-Doo SPARK 900 ACE
Наполнето и спремно
Ако сте го следеле прирачникот во делот за долготрајно складирање на крајот од претходната сезона, веројатно сте го отстраниле акумулаторот од скутерот. Сега е време да се провери акумулаторот дали сé уште ја испорачува енергијата што ви треба за цела сезона на брановите. Следете ги овие лесни чекори:
1. Отстранете го акумулаторот од вашиот скутер преку исклучување на негативниот кабел, а потоа позитивниот кабел.
2. Поставете го акумулаторот на сува и рамна површина и поврзете го со вашиот полнач.
3. Повеќето полначи за акумулатор на пазарот можат да прикажат дали има некој проблем со вашиот акумулатор. Ако вашиот акумулатор се полни нормално, може да го монтирате откако целосно ќе се наполни. Ако не, време е за нов. Вашето локално претставништво на Sea-Doo може да помогне!
*СОВЕТ: Никогаш не полнете го акумулаторот додека е монтиран на скутерот*
Проверете ја потрошната анода
Потрошната анода во вашиот Sea-Doo е артикл што се троши – како што наведува името – и треба периодично да се заменува со нова за да се избегнат евентуални потенцијално сериозни оштетувања на скутерот. Сé што треба е краток визуелен преглед. Ако анодата е истрошена повеќе од половина, време е да се замени. Вашето локално претставништво на Sea-Doo може да ви помогне ако не сте сигурни дали е време за замена.
Проверете ги заштитните прстени и перката
Ова е уште еден брз визуелен преглед дали евентуално се забележува абнормално или прекумерно абење. Проверете кај двата елементи дали има длабоки гребаници, откинати делови или необични бразди. Ако забележите било какви знаци за продор на вода во преградата за моторот, тоа е знак дека треба да се обратите до вашето локално претставништво на Sea-Doo за дополнителна проценка и сервис.
Заменете го маслото и филтерот во моторот
Ова е уште една активност во која може да ви помогне вашето локално претставништво на Sea-Doo, но ако сте „сам свој мајстор“ препорачуваме да го разгледате XPS прибор за замена на масло достапен преку претставништвото или во нашата онлајн продавница. Сé што ви треба за комплетна замена на маслото може да се достави до вашата врата во една кутија.
Замената на моторното масло и филтер е едноставна. Ќе ви треба точниот XPS прибор за замена на масло на вашиот скутер (содржи масло, филтер и O-прстен), пумпа за масло или пумпа за преточување со која се вади старото масло (може да се најде во повеќето продавници за алат или железарија), клуч за одвртување на капачето на филтерот за масло, крпи за бришење на маслото што може да капе или да се истури, и доволно голем сад за старото масло (приближно 3 кварти).
1. Загрејте го скутерот со работа на моторот 20-30 секунди за да се раздвижи маслото низ моторот.
2. Со отворен пристап до моторот на вашиот скутер, отстранете го капачето за полнење масло и прачката за проверка на ниво на масло (може да се разликува во зависност од моделот).
3. Отстранете го старото масло со внесување на цревото или пумпата за преточување на масло во местото за прачката за проверка на ниво на масло додека да допре до дното на кутијата.
4. Извлечете го старото масло со помош на пумпата.
5. Отстранете го капачето за филтерот и стариот филтер за масло. Имајте крпа при рака за капењето во просторот за моторот да се сведе на најмала можна мерка.
6. Заменете го O-прстенот на капачето за филтерот со нов од прстен од приборот за замена на масло.
7. Поставете го новиот филтер за масло во капакот или во просторот за филтер (се разликува во зависност од моделот, погледнете во прирачникот или обратете се до претставништвото на Sea-Doo).
8. Поставете го капачето врз просторот за филтер и стегнете ги завртките за да го фиксирате.
9. Исполнете го моторот со свежо масло од приборот за замена на масло и проверете уште еднаш дали нивото на масло е соодветно со помош на прачката.
Измијте, светнете, заштитете
Почнете да привлекувате погледи со сјај како во продажен салон веднаш кога ќе се појавите на вода! XPS Wash and Wax е формула во еден чекор што ќе отстрани прав, песок и нечистотии од вашиот Sea-Doo што евентуално се наталожиле за време на складирањето. Сите површини на вашиот скутер ќе изгледаат како нови со висок сјај.
Почетокот на нова сезона исто така е одличен момент да ги заштитите површините на вашиот скутер со XPS UV заштита за винил и пластика. Штити од штетно сончево ултравиолетово зрачење и помага да се спречат напукнувања или избледување на бојата.
Рутина пред возење
За да бидете сигурни дека првото возење во новата сезона ќе помина токму онака како што сонувавте, потсетете се на списокот активности пред возење што е даден во вашиот прирачник за Sea-Doo. И подгответе се да живеете уште една сезона исполнета со Sea-Doo живот!