Постојат неколку клучни работи кои треба да се земат во предвид кога одбирате соодветна опрема за моторцикл на 3 тркала. Ако се прашувате што да облечете за возење на моторцикл на 3 тркала, зладното правило гласи вака: на прво место безбедноста, додека стилот на второ. Но тие никогаш не треба да дојдат до меѓусебен судир!
ШТО МОРАМ ДА ОБЛЕЧАМ ЗА ВОЗЕЊЕ НА МОТОРЦИКЛ НА ТРИ ТРКАЛА?
За целосен душевен мир, сакате целосна заштита – особено за најранливите делови од телото.
ГЛАВАТА НА ПРВО МЕСТО
Возачите и сопатниците секогаш треба да носат кацига како и заштита на очи. Тоа е она што треба да се носи кога се вози моторцикл на три тркала.
ОПРЕМА ЗА РАЦЕ И НОЗЕ НАМЕНЕТИ ЗА МОТОРЦИКЛ НА 3 ТРКАЛА
Ракавиците се еден од задолжителените делови од опремата, бидејќи вашите раце се изложени на се и сешто додека ги држите на рачките на моторциклот. Бубачки и различни камчиња може да се удираат од вашите раце додека управувате, но освен тоа на вашите раце им е потребна и заштита од елементите. Кога станува збор за нозете повеќето возачи избираат цврсти чизми со кои ги покриваат глуждовите како и обложени пантолони и блиндирана јакна.
ПЛАН ЗА УСЛОВИТЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО
Треба да ги земете во предвид и условите за возење, на пример останете топли на студ и суви на дожд. Исто така ќе сакате да погледнете облека за моторцикли со 3 тркала со опции за вентилација во топли ситуации се со цел да овозможите вашето тело да е свежо и суво. Во случај на дожд, вистинското решение се пантолоните и јакните наменети за дожд.
CAN-AM ОПРЕМА ЗА МОТОРЦИКЛ НА 3 ТРКАЛА
Без разлика на условите, BRP знае што е неопходно да се облече за возење на моторцикл на три тркала. Нашата целосна линија на опрема за возење и додатоци е развиена од и за возачи, плус тие се дизајнирани по мерка за вашите Can-Am Spyder и Can-Am Ryker. Ние исто така нудиме низа кул стилови, така што има нешто за секој тип на возач. Не барајте подалеку опрема за мотоцикл со три тркала, се можете да најдете тука!