ВРЕМЕ Е ЗА ДЕЛУВАЊЕ

Пифатете ја заложбата

Придружете се на BRP, на нашите колеги членови на ISMA како и целата заедница на моторни санки - вклучувајќи го и претседателот и извршен директор (CEO) на BRP  José Boisjoli - во преземањето на заложбата за зачувување на пристапот до нашите омилени зимски терени и патеки наменети за моторни санки.

Со креирањето на првиот систем на патеки за моторни санки, нашиот спорт зависи од пристапот до приватни и јавни земјишта. Преминувањето и нелегалното возење надвор од патеката го загрозува пристапот на моторните санки. Затоа ги замолуваме сите наши страсни возачи да застанат со нас и да ја земат заложбата за возење само таму каде што е дозволено, за да можеме да се погрижиме нашиот спорт да продолжи да цвета денес и за идните генерации на возачи.

ЗАЛОЖБА 

Сфаќам дека нелегалното возење надвор од патеката го затвора пристапот за сите возачи на снег и ги загрозува нашите слободи за возење. Се работи за повеќе од мои лични права или мои желби - ова е за доброто на целата заедница.

  • Ветувам дека ќе возам надвор од патеката само онаму каде што знам дека е легално и прифатено
  • Ветувам дека ќе проверам пред да излезам надвор од патеката доколку не ја знам областа
  • Ветувам дека ќе го заштитам пристапот за идните генерации постапувајќи правилно
  • Се обврзувам дека ќе го заштитам пристапот со охрабрување на оние со кои се возам да го преземат и заложбата

ШТО ЗНАЧИ ЗА НАШИТЕ АМБАСАДОРИ ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ЗАЛОЖБАТА?

TROY OLESON

Трета генерација на Ski-Doo возачи од Wisconsin

 „Возам моторна санка со моето семејство од мојата 5та година. Одржувањето на пристапот до сите места на кои имав доволно среќа да возам е причината зошто ја преземав заложбата.“

JEREMY MERCIER

Ski-Doo возач во рурални околини од Colorado

„Го преземам ветувањето дека ќе го зачувам нашиот спорт за во иднина, за да можам да продолжам да го споделувам овој голем спорт со мојата ќерка и со следната генерација на возачи“.

ROB KOENIG

Ski-Doo возач на патеки од Wisconsin

„Среќни земјопоседници = среќни возачи на санки. Почитувањето на пристапот до приватно земјиште и останувањето на патеката е единствениот начин да ги задржите отворени. Затоа ја прифаќам заложбата.“

CHARLES GAGNÉ

Ski-Doo возач во рурални околини од Quebec

„Преземањето на заложбата претставува иницијатива која за мене е конкретен начин за заштита на развојот на нашиот спорт.“

MJ THOMPSON

Ski-Doo возач на патеки од Ontario

„Ја прифаќам заложбата бидејќи сум благодарна на сопствениците кои го споделуваат својот имот со нас. Размислете два пати пред да го направите новиот сет на патеки.“

BRET RASMUSSEN

Ski-Doo возач во рурални околини од Idaho

„Го преземам ветувањето да ги почитувам границите на возењето во руралните околини и на патеките. Тоа е единствениот начин да го зачуваме нашиот пристап до прекрасните зимски терени“.

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ЗАЛОЖБАТА

Помогнете ни да ги заштитиме нашите зимски терени и патеки.