4 НАЧИНИ ДА УЖИВАТЕ ВО ПАТЕКАТА УШТЕ ПОВЕЌЕ

Патеките за моторни санки низ Северна Америка се исполнети со неверојатни пејзажи, одлични места за застанување и прифаќање на различни локални култури и пријателски, нови лица на целиот пат. Што се однесува до нас, тоа е најдобриот начин да избегате од обичната, секојдневна рутина и да истражувате нови авантури во текот на зимата.

Ако сте како нас, ќе ви се допаднат овие четири совети кои можат да го направат нашето време на патеки уште подобро секоја сезона.

Приклучи се на клубот возачи на моторни санки

Единственото нешто подобро од возењето се луѓето со кои возите. Иако оваа сезона не ни беше најлесно да се собереме, приклучувањето на клуб на возачи на моторни санки локално во областа(и) во кои често се возите има некои големи придобивки.

Прво, постои другарство на работа и возење заедно. Ако сте нови во спортот на возење со санки, сигурно ќе стекнете доживотни пријатели со други кои ја делат истата страст за возењето како вас. Почнувајќи од месечните состаноци, патувањата во клубот на север, работните денови на патеката, собирањето средства, летните излети и повеќе, нема недостаток на забава и пријателство кога ќе се придружите на вашиот локален клуб.

Останете во рамките на обележаните патеки

Разновидноста на теренот низ северноамериканскиот систем за патеки со моторни санки предизвикува стравопочит. Тој минува низ комбинација од јавни и приватни земјишта. Секое од тоа може да се одземе во секој момент, а дел за жал е секоја сезона од различни причини.

Она што не е речиси доволно објавено е позитивното влијание што можеме да го имаме кога целата заедница на моторни санки прави свесен напор да остане на обележаните патеки и да ги следи правилата на патеката. Со засилување на напорите што ги правиме за да ги охрабриме другите да возат по обележаните патеки, и покажуваме на пошироката заедница дека сме ценет партнер во зачувувањето на нашиот систем на патеки. И добро управуваниот, добро почитуван систем на патеки може да биде економски двигател на локалните зимски економии.

Едноставно кажано: Останете на патеката и уживајте во возењето.

Земете пријател со моторни санки

Колку повеќе толку повесело! Како возач на снег, вие сте дел од избрана група која може да ја доживее зимата на начин на кој малкумина други ја доживуваат. Покажете им што им недостасува и сигурно ќе стекнете партнери за возење во годините што доаѓаат. Сетете се на вашето прво возење и брзо ќе се сетите - не е потребно повеќе од брзо возење по неколку милји свежо уредена патека пред да се закачите! Затоа, напред, разубавете го денот на некому!

Купете влезница за возење на патека

Ова може да ви изгледа смешнп, но ајде набрзина да ги погледнеме придобивките од купувањето влезница за возење по патеката за моторни санки:

1. Можете да возите низ сите доспни патеки.

2. Можете да возите низ подобри патеки. Купувањето на оваа влезница обезбедува средства кои играат значајна улога во уредувањето и одржувањето на патеката. Расчистувањето на дрвјата по невреме или чистење по природна катастрофа, изградба и одржување на мостови, создавање и одржување паркинг покрај патеката, засолништа итн. сето тоа е дел од големата слика.

3. Помагате да се зачува спортот. Дел од средствата генерирани од продажбата на влезници одат за организации кои ги штитат нашите интереси и кои ни овозможуваат да уживаме во зимата преку овозможување на возењето на санки и запознавање со истото на  нашите државни, провинциски и национални влади. Регистрациските броеви ни даваат глас во политичката заедница.

Без разлика каде живеете или каде возите, постои можност да учествувате во возењето со санки на заедничката патека. Станете дел од насата заедница, ќе ви биде мило. Се гледаме на патеката.

МОЖЕ ДА ВИ СЕ ДОПАДНЕ