SEA-DOO ADVENTURE DAY

Дилерот за Ski&Sea, Luxury Marine го организираше настанот Sea-Doo Adventure Day во Хрватска.

Поминавме убав адреналински ден со сопствениците и ентузијастите на SEA-DOO.

Патеката долга околу 55 милји не одведе до островот Плавник, каде се сретнавме со заштитен вид големи птици „Грифон мршојадец“, се капевме во подземната пештера, запревме и на островите Гргур и Голи Оток, каде имавме организирана тура околу познатиот затвор.

Им благодариме на сите учесници за учеството и објавуваме дека наскоро повторно ќе се видиме.