Роден град: израсната во Калмар, Алберта. Во моментот живее во Калгари, Алберта

Моторна санка која ја поседува во моментот: 2022 Ski-Doo Summit X со експертски пакет 850 E-TEC Turbo 165

СЛЕДЕТЕ ЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Само обидете се да најдете начин да ја забавите Мишел Солт. Да бидеме искрени, тоа е речиси невозможно. Ниту живото-загрозувачката несреќа со моторцикл не ја одалечи од она во што ужива. Оттогаш па наваму, таа даде сè од себе и стана првата канадска параолимписка сноубордерка, настапи на две параолимписки игри, освои 13 медали од Светскиот куп, се натпреваруваше како фитнес модел, помогна да биде пионер во спортот Adaptive Wake Surfing, освои два национални сребрени медали во Wake Surfing, повремено скока од авиони од висина од 13,000 стапки и веќе ја откри нејзината страст за тоа Ski-Doo чувство. Доколку и досега не успеваме да ве инспирираме, еве нешто повеќе за Мишел Солт.

Омилен тип на терен за возење: -Сакам да се возам низ дивината на БК која е прошарана со разнолични терени покриени со снег, терени со дрвја и стрмни падини.

Која е твојата „ Вистинска” професија?:- Јас сум претставник и агент за педијатриска медицинска мобилност.

Интереси и хоби надвор од возењето со санки: - Јас сакам да скокам од авион на висина од 13.000 стапки, да сурфам, да ловам риба, да играм голф и да возам сноуборд.

Што претставува за тебе тоа Ski-Doo чувство? Тоа значи дека можам да ја истражувам и повеќе да ја ценам дивината заедно со најдобрата екипа додека одлично си поминувам и давам сé од себе да бидам се подобра во возењето на мојата санка.

Што ве мотивира да бидете Амбасадор?: -Да си докажам на себеси дека тоа што имам апутирана нога над коленото не може да ме успорува или да ме попречува да излезам таму и да му покажам на светот за што се сум способна  да направам.

Омилен Ski-Doo момент на сите времиња:- Бевме во Голден, БК и група девојки самошто ни се придружија во Источен Кварц. Јас ја возев санката на свој начин фокусирајќи се на спуштањето низ ридот одстрана. Кога се симнав, една од девојките ме праша како го правам тоа. Почнав да го објаснувам она што точно ми го покажаа Надин Овервотер и Ешли Чафин (момент во полн круг), и тоа ме натера навистина да ги ценам неверојатните луѓе во оваа индустрија кои одвоија време да ми го покажат патот и да го поттикнат мојот напредок.

Колку долго веќе возите моторни санки? -3 сезони... во моментот навлегувам во својата 4-та сезона.

Кое е најзабавното нешто што некогаш сте го искусиле при возењето на моторни санки? - Јас секогаш најмногу се забавувам кога ја возам мојата санка. Јас сум како дете во продавница за слатки кое сака да проба се... јас сакам да истражувам нови зони и со тоа чувство ја стартувам мојата машина наутро! Буквално, секое следно возење е моето најдобро возење!

Мојот најсрамен момент при возењето на моторни санки е...:- Ооох, има премногу, но би го издвоила моето последно возење во сезоната, ридот успеа да ме совлада, излетав преку рачките, а санката делумно ме прегази. Моите пријатели мораа да ме извлечат од под неа. За среќа, бев добро, но ова беше една навистина поучна лекција.

Моето потајно задоволство е: Рок од 70-тите и Чизкејкот на Уна

Еден предмет или додаток кој мора да го имате на секое возење?  Мојата ташна Ski-Doo Tunnel. Немањето грицки на ридот би било ужасно (би останала гладна, а тоа не е забавно за никого) и се разбира, убаво е да се има таа благостојба на умот, знаејќи дека сум целосно опремена ако морам да ја поминам ноќта во дивината.

Кое е твоето омилено јадење кога возиш санка? Со сигурност ќе кажам, дименото говедско, Beef Jerky!

ВВС кое го поседуваш во моментот: (Возило за влечење на санки): 2021 2021 Chevy Colorado со долга кутија

Омилен професионален спортски тим: Calgary Flames

Омилено годишно време: Мислам дека ова е трик прашање

Омилена храна: Суши

Дестинација за патување од соништата: Јужна Африка или Исланд

Што најмногу ти се допаѓа кај BRP? Сè! Луѓето, производот и она за што се залага компанијата.