Роден град: Валдез, Алјаска

Моторни санки кои што ги поседува во моментот: : Summit X со/Expert Red/White 154, Summit X со/Expert Red/White 165

СЛЕДЕТЕ ГО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Страст

Сакајте го патувањето во кое живеете! Ако прашате некој што ме познава, многу ми е тешко да седам мирна! Секогаш морам да сум во движење. Сакам авантура и сè што вклучува активност на отворено. Моето слободно време го поминувам и во Вајоминг и во Алјаска. Моите омилени активности се: кампување, возење рамо до рамо, влечење санки, ловење риба и јавање на моите коњи во лето. Сè што има мотор одсекогаш го привлекувало моето внимание, а возењето санки е мојата вистинска страст уште од мојата 5-та година. Можноста за бидам дел од клиниките навистина ме инспирираше да помогнам уште повеќе да се развива овој спорт. Јас сакам да гледам како луѓето учат и се забавуваат исто како и јас!

Возење

Моето омилено место за возење секогаш ќе биде мојот роден град, Валдез. Јас пораснав возејќи тука и сè уште не сум пронашла друго такво место. Некои од моите омилени места се на 15 минути од мојата куќа. Одличен снег, неверојатни погледи и извонреден терен е она што навистина го сакам кај ова место. Луѓето се одлични не само затоа што јас сум родена овде туку градот е толку мал што ние сме како големо семејство со моторни санки, кое секогаш е тука да помогне или сака да се вози со тебе.

Сега кога ја поминувам половината од мојата зима во Вајоминг, чувствувам дека моите можности се бескрајни. Вајоминг е комплетната спротивност на Алјаска. Тој е преполн со технички терени со шуми. Тоа е возбудливо, бидејќи можам да продолжам да се туркам себеси нанапред и да учам нешто ново секој ден! Оваа зима дефинитивно ќе ми биде најдобра.

Опрема

Апсолутно го сакам едноделниот костим Ski-Doo Revy. Тој ме топли кога возам и најважно не се чувстувам непријатно ниту пак огромно и гломазно. Мојата дополнителна „опрема”  ќе биде Helium 50 јакната и панталоните со прерамки. Оваа опрема е цврста и направена за активни возачи. Секогаш ми е топло и сум сува во оваа опрема. Боите од 2017 година се прилично неверојатни.

Нормална работа

Имам две кафулиња во Алјаска и како резултат на тоа сум прилично зафатена,но од друга страна сум среќна што имам неколку прекрасни вработени кои се флексибилни и ми овозможуваат да уживам во поголем дел од зимскиот период.

Најзабавно на санки досега

Искрено, ова е навистина тешко прашање за одговор. Возам онолку долго колку што се сеќавам за себе и имав прилично неверојатни искуства. Веројатно би морала да кажам некое од моите патувања во Канада.

Возењето на нови места е секогаш неверојатно, особено со добри пријатели. Имам прилично интересни приказни за излизгани камиони и приколки  во Алкан и нивното излекување од некои прилично сериозни ситуации. Да возиме цела ноќ и да овозможиме тоа да функционира затоа што сите ја имаме истата страст да бидеме на снег.

Направете неколку забавни возења со санки со добри пријатели и сигурно ќе имате убави спомени!