Роден град: Лили Лејк РД, Форт Фрејзер, БК. Во моментов живее во Сквамиш БК, место сместено помеѓу Тихиот Океан и Планините на крајбрежјето.

Санки кои во моментот ги поседува: 2022 Summit Expert Turbo 165" и 2022 Turbo Freeride 154"

СЛЕДЕТЕ ГО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Чиста страст за алпинизмот – вака може да се опише амбасадорот на Ski-Doo, Коди МекНолти. Без разлика дали станува збор за истражување на невиден снег или возење од задоволство низ најстрмините нерамни терени,  неговата љубов за да стигне подалеку секој ден е неоспорна. Не може да се негира, зимскиот период му е силен сојузник ! Запознајте го Коди малку подобро

Омилен тип на терен за возење: Јас сум вистински љубител на возењето со моторни санки, па затоа е тешко да се даде директен одговор. Возењето низ зона каде растат стари дрвја на крајбрежните планини сепак е многу тежок терен за совладување!

Која е вашата „Вистинска” работа? Мојот примарен приход и примарна кариера е во Seaspan Marine. Јас работам со полно работно време во нивниот оперативен оддел. Seaspan Marine обезбедува услуги во сите области на наутички транспорт со нашата река, пристаниште, крајбрежни шлепери и бродови.

Интереси и хоби надвор од возењето на санки: Возење велосипед низ кал, кампување и истражување каде било надвор е она што ме одржува активен во текот на „незимските“ месеци. Јас имам и опсесивен тековен проект за реставрација на мојот камионет. Станува збор за пик-ап Power Ram од 1988 година ½ тон 4x4. Го имам 23 години. Тој има огромна сентиментална вредност поголема од она  што можам да споделам.

Што значи тоа Ski-Doo чувство за вас? Кога бев млад тинејџер во средината на 90-тите, татко ми и чичковците купија свои планински моторни санки. Некои купија Arctic Cats, некои купија Yamaha, некои Polaris а некои купија Ski-Doo. Ова беше навстина кул деценија во која „Големата 4” беше во првите редови на секоја трка. Без разлика на брендот или каде и да се возевме, никогаш не одевме само за да се возиме со моторни санки. Ние секогаш одевме на „Ski-Doo’n“ авантури. Не беше важно која марка се возеше; ние секогаш ја нарекувавме нашата авантура „Ski-Doo’n“!

Тоа чувство Ski-Doo се протега кон огромната историја и потеклото на моторните санки. За мене, споделувањето на чистото природно блаженство придружено со чувство на адреналин и авантура со секој возач на моторни санки на земјата. За мене во моментот тоа е тоа Ski-Doo чувство.

Што ве мотивираше да станете амбасадор? Кога решив да се вратам на возењето моторни санки, не знаев каква марка да купам.  Јас бев само обичен муштерија  па заради тоа ми беше потребно да направам повеќемесечни истражувања. Го избрав Ski-Doo заради сите причини кои се засновани на производот. Доверливост, технологија, гаранција, купопродажна мрежа, поддршка за корисници, изглед. Разгледав буквално сè пред да го реализирам моето купување.

За мене, возењето со моторни санки не се сведува на изведување ризични трки и станување на врвен возач. Уживам во сите аспекти на возењето со санките, од тоа да сум во планина, да поминувам време со пријателите и семејството, да правам превртувања и скокови, да разговарам со секоја личност што можам, дури и да седам во мојата гаража и да работам на мојата санка и да учам за тоа. Отсекогаш сум велел дека начинот на кој уживам во возењето со санки е ист како кога зборувам со вас. Безбедноста е мојот приоритет број еден при возење, особено кога го извршувам она што го работам. Подеднакво важна половина од равенката е да верувам во безбедноста на мојата моторна санка исто колку и на самиот себе.

Со задоволство се едуцирам и го нудам моето знаење и мојата љубов кон брендот Ski-Doo уште кога го купив мојот прв Ski-Doo. Сега поминаа единаесет години и имам шанса да споделам се што знам за брендот во кој едноставно верувам со многу поголема публика. Бренд кој ми помогна да ги постигнам сите мои цели како возач, пред да бидам сметан за амбасадор.

Омилен Ski-Doo модел на сите времиња: Се поклонувам на  2021 Summit X 154" Turbo. Прецизна испорака на моќност, намерна удобност при гас, контрола без напор, безбеден и сигурен, освојувач на планински терен и дали спомнав доаѓа и со гаранција!

Колку долго возите моторни санки? Првата санка ја добивме на фармата кога имав 8 години. На 18 години престанав да возам. Тој период траеше речиси една деценија. Почнав повторно да возам моторна санка во 2010 година и оттогаш не престанав.

Што е најзабавното нешто што некогаш сте го направиле при возењето на моторни санки? Како возрасен сум доживеал толку многу неверојатни настани и авантури и имам доста спомени со Ski-Doo моторните санки ширум светот. Не би можел да издвојам само едно.

Ќе се навратам на моето детство и ќе споделам како е да биде дете кај баба и дедо МекНолти на Бадник. Тројца, четворица, а понекогаш и пет од моите братучеди ќе се натрупуваа на 540 Skandic Ski-Doo на дедо ми и ќе се возеа околу имотот со часови смеејќи се, врескајќи и играјќи се на снегот!

Мојот најсрамен момент на санки е…

Моменти како:

Се појавувам на паркингот без клучот за супер стегите...

Кога ќе сфатиш дека клучот за моторната санка виси на некој клин во просторијата за сушење...

Извлекувањето на кацигата без да се сфaтите дека нејзината постава е во корпата за перење дома.

Не можам да потврдам или демантирам дека сум бил дел од ваквите непријатни моменти , леле-леле.....

Моето потајно задоволство е... Јадење јаглехидрати. Зошто јаглехидратите секогаш имаат толку добар вкус!?

Еден предмет или додаток кој мора да го имате со вас при секое возење? Точниот одговор е да имате доволно средства за безбедно да ја преживеете ноќта во дивината. Забавниот одговор е LinQ држачи и прекрасен двојно нареден сталак за гориво!

Кое е вашето омилено јадење кога возите моторни санки? ( застанување попат за јадење, јадење во конзерва и сл.)? Наполнето бурито со Brackendale грав кој е испасиран и зготвен до совршенство врз цевката за издувни гасови и страничната плоча создавајќи прекрасна преса за панини!

ВВС кое го поседуваш во моментот: (Возило за влечење на санки): 2008 Dodge 3500 Cummins Diesel 6.7 Manual with a Marlon Explore Pro II Snowmobile Deck.

Омилен професионален спортски тим: Никогаш не сум имал, но навистина ми се допадна филмот Mighty Ducks. Дали тоа се брои?

Омилено годдишно време: зима, а есента е на второ место.

Омилена храна: Секаков вид на пржени компирчиња со обилни количини кечап.

Дестинација за патување од соништата: Се чувствувам многу благодарен за се што имам видено од светот досега. Ирска е следната на мојата листа на места што сакам да ги видам.

Што ти се допаѓа за BRP? Животот е доживување на среќни моменти. Не постојат зборови да се опише колку е посебно, да се биде дел од компанија која се стреми да ги направи најсреќните моменти за секое купување од потрошувачите во моторизираната рекреативна заедница.