ШТО Е НОВО ЗА 2022 година

НОВИОТ “RYKER RALLY“

Откријте уште повеќе неасфалтирани забавни терени со уште поголем капацитет, со поголема издржливост и заштита.

Запознајте се со новиот „Ryker Rally“.Ова возило ве носи на авантури на асфалтот, како и на неасфалтирани терени. Сега со уште поголема сила и издржливост за да може без напор да ги истражувате сите патишта.

СПЕЦИЈАЛНА СЕРИЈА

Додадени карактеристики на специјалната серија на „Spyder F3 Limited“ за уште поголема удобност и задоволство.

Искусете ја новата специјална серија на „Spyder F3 Limited“, со дополнителни погодности, нова силна црвена боја и делови и украси во црна боја. Овие модерни нијанси додаваат инстант софистицираност на ова ново возило.

SEA-TO-SKY ИЗДАНИЕ

Доживејте луксуз на вашите патувања и пошироко

Откријте го новиот „Can-Am Spyder RT Sea-to-Sky“. Неговата мистериозна, сина боја ќе додаде неспорна елеганција на вашето возило, а дополнителните карактеристики на удобност и задоволство ќе ви овозможат да возите каде и да ве одведе патот.