SUMMIT

2022

Моторните санки на Ski-Doo од моделот „Summit“ од 2022 година се изградени така што секое следно возење во длабокиот снег е уште повеќе вчудовидувачко од претходното. Било да се качувате до стрмни падини, да кревате снежна прашина по длабок снег или да возите помеѓу дрвја, возилото „Summit“ реагира веднаш и се вози без многу напор. Опремен со ефикасни, мочни E-TEC мотори – вклучувајќи го и Rotax 850 E-TEC Turbo – како и можности осмислени за да не треба да вложувате големи напори, возењето до врвот е восхитувачко како и секогаш!

ОСВОЈТЕ ГО ОНА ШТО ДРУГИТЕ НЕ МОЖАТ

Врвна способност

Лесното ракување и моќноста која ја дефинира индустријата се спојуваат да ви испорачаат искуство кое треба да го почувствувате за да верувате. Моторните санки од моделот „Summit“ на Ski-Doo ги преминуваат конвенционалните граници за да го дефинираат возењето по длабок снег.

ИСКУСЕТЕ ЈА ЗИМАТА КАКО НИКОЈ ДРУГ

Напрегнете се повеќе

Санките на моделот „Summit“ го ставаат фокусот на возачот. Инженерите на BRP работеа да дизајнираат санка која ви овозможува да возите повеќе, да истражувате подалеку и да  се напрегнете посилно отколку што сте мислеле дека е можно. Резултатот од нивната работа:  врвниот разорувач на длабокиот снег.

ПРВИОТ ФАБРИЧКИ ИЗГРАДЕН ДВОТАКТЕН ТУРБО

Границата е поместена

Возачите по длабок снег повеќе не треба да се грижат за висини кои ја намалуваат моќноста благодарејќи на целосно новиот мотор Rotax 850 E-TEC Turbo – првиот двотактен турбо мотор произведен директно од фабрика. Возачите можат да ги користат сите 165 коњски сили на моторот 850 E-TEC дури и на 2400 метри и да продолжат понатаму со постојана предност од 4 коња* и да ја одминат конкуренцијата на патот до врвот.

МОДЕЛОТ „SUMMIT X“ СО ЕКСПЕРТСКИ ПАКЕТ

Дизајнирано од возачи за возачи

Дизајниран со карактеристики инспирирани од возачи кои сакаат да возат низ длабок снег, погусти дрвја и да откриваат нови авантури. Моделот „Summit X“ со експертски пакет ја комбинира досега невидената агилност на длабок снег и моќта на моторот Rotax која ги поместува границите.

 

МОДЕЛ „SUMMIT EDGE“

Издигнете се

Следниот врв повикува. Следната авантура чека. Новиот модел „Summit Edge“ од 2022 година е подготвен да ве однесе таму. Со моќта на моторот Rotax, водечка во својата класа, ненадмината агилност и способност да го претвори вашиот ден во нешто незаборавно.

SUMMIT SP

Моделот „Summit SP“ од 2022 година на Ski-Doo му овозможува на возачот да се вози подолго, да оди понатаму и да се напрегне посилно. Ултра брзо реагира на желбите на возачот за лесно ракување и веднаш дава моќ за да освојување на застрашувачки планински терени.

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

 

  • Мотори Rotax® 850 E-TEC® и 600R E-TEC®
  • Висококвалитетен пакет за амортизација од типот HPG
  • Предна суспензија RAS 3 со лесно ски вретено
  • И подобрени ски кочници
  • Задна суспензија tMotion со гребалки за мраз
  • Достапен е стартер E-TEC® SHOT

> Технички спецификации  

> НАЈДЕТЕ ДИЛЕР

> ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА / ДЕМО ВОЗЕЊЕ

 

„SUMMIT X“

Моделот „Summit X“ од 2022 година ги проширува хоризонтите на возачот со голема агилност во длабок снег без многу напор, инстант моќ и копнеење да ве однесе подалеку. Ве предизвикува да ги преминете техничките граници на секое возење – и ве наградува секогаш кога ќе направите такво нешто.

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

 

  • Мотори Rotax® 850 E-TEC® или 850 E-TEC Turbo
  • Краток тунел со лесен штитник за снег
  • Предна суспензија RAS 3 со лесно ски вретено и подобрени ски кочници
  • Задна суспензија tMotion со гребалки за мраз
  • Стартер од типот E-TEC® SHOT

> Технички спецификации  

> НАЈДЕТЕ ДИЛЕР

> ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА / ДЕМО ВОЗЕЊЕ

SUMMIT X EXPERT

Денови на лесно откривање на нови епски авантури е она што претставува возењето на моделот „Summit“. Моделот „Summit X“ од 2022 година со експертски пакет испорачува резултати со карактеристики инспирирани од возачи кои постојано еволуираат и ги инспирираат возачите да го подигнат стандардот над она што замислувале дека е возможно.

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

 

  • Две ВРВНИ можни бои со панели: врвен изглед и завршеток, максимална заштита
  • Мотори Rotax® 850 E-TEC® или 850 E-TEC Turbo
  • Квалитетен пакет за амортизација со крута калибрација
  • Краток тунел со лесен штитник за снег
  • Предна суспензија RAS 3 со лесно ски вретено и подобрени ски кочници

> Технички спецификации  

> НАЈДЕТЕ ДИЛЕР

> ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА / ДЕМО ВОЗЕЊЕ

                                

ДОДАТОЦИ КОИ МОРА ДА ГИ ИМАТЕ СО МОДЕЛОТ „SUMMIT“

Инспирирани, дизајнирани, докажани од возачи

Ваше возило. Ваш начин на возење.

Додатоците за длабок снег на моделот „ Summit“ и опремата за возење се дизајнирани со помош на коментарите на и инспирацијата од вистински возачи кои што целосно јадат, спијат и дишат за искуството за возење по длабок снег

НАЈДЕТЕ ГО ВАШИОТ ЛОКАЛЕН ДИЛЕР

Внесете ја вашата локација за да го пронајдете најблискиот дилер блиску до вас

ШТО ПОДЛАБОКО ТОА ПОДОБРО. Запознајте го моделот „Summit“ од 2022 година.