Зимување на вашето занаетчиство Sea-Doo

Никој не сака да признае дека тој период од годината веќе пристигнува, но ако живеете во северните климатски зони, доаѓа време да се размисли за чувањето на вашиот Sea-Doo во зимскиот период. Неколку едноставни, но суштински важни чекори за презимување ќе ве подготват да го живеете Sea-Doo животот во потполност кога водите повторно ќе се затоплат идната пролет.

Дури и ако ја имате таа среќа да живеете во топла климатска зона во текот на целата година, овие совети се подеднакво корисни за долготрајно складирање на вашиот Sea-Doo скутер за да бидете сигурни дека ќе добивате максимум од секое возење.

Подготвувањето на вашиот скутер за зима е неопходно за да бидете сигурни дека вашиот Sea-Doo функционира со целосни капацитети во сезоната. Ако не се спроведе соодветно превентивно одржување за долготрајно складирање – без разлика на кое место ќе го чувате вашиот Sea-Doo – последиците може да бидат скапи. Замастени или затнати системи за гориво, нефункционален акумулатор или оштетувања на витални делови се само некои од нештата што може да тргнат наопаку ако не се погрижите за правилно одржување. Ако се наоѓате во подрачје каде зимските температури се спуштаат под точката на замрзнување, неопходна е целосна подготовка за презимување!

Многумина можат да ги изведат следниве чекори за подготовка за презимување во удобноста на нивните гаражи со само неколку едноставни алатки. Но, ако имате прашања или не сте сигурни дали би можеле да изведете некои од следниве чекори, не се двоумете да се обратите до вашиот локален Sea-Doo застапник за совет или помош. Дури и ако мислите дека ве бива за поправање со алат, консултирање со вашиот локален застапник за Sea-Doo е најдобриот начин да добивате редовни информации за најновите препорачани производи, постапки и технички билтени за вашиот скутер.

Следниве чекори треба да се изведуваат по редослед како што е прикажано. Редоследот е ист како и во вашиот Прирачник за Sea-Doo.

 

Чистење на млазната пумпа

Сé што е потребно во овој дел е кратка визуелна проверка на влезниот и излезниот отвор на млазната пумпа. Уверете се дека нема пукнатини или други видливи знаци на прекумерна истрошеност. Ако најдете такви знаци, обратете се до вашиот претставник на Sea-Doo за замена. Измивање на двата отвори со вода може да помогне во отстранувањето на талогот што можеби се задржал од вашето последно возење. Премачкување со еден слој XPS антикорозивно мазиво во секој од овие делови е добра практика за долготрајно складирање.

 

Проверка на млазната пумпа

Млазна пумпа што е контаминирана со вода може да значи дека има и други проблеми, и во тој случај може да има потреба од посета на вашиот претставник за Sea-Doo. За проверка на млазната пумпа отстранете го покривачот на перката за да потврдите дека нема насобрана вода.

 

Стабилизирање на системот за гориво

Додавање на XPS стабилизатор на гориво (или еквивалентен препарат) ќе обезбеди дека вашето гориво и системот за гориво ќе останат во добра состојба за време на долготрајното складирање. Со тоа се спречува создавање талог во различни делови од системот за гориво. Додадете стабилизатор според упатствата на пакувањето. Целосно исполнете го резервоарот за гориво со свежо гориво. Ова истовремено е и одличен момент да проверите дали евентуално системот за доток на гориво протекува. Ако видите или намирисате гориво, консултирајте се со вашиот локален претставник за Sea-Doo.

 

Замена на маслото и филтерот во моторот

Овој ритуал на одржување треба да се изведува секоја година, и бидејќи веќе сте во фаза на одржување на скутерот, ова е вистинскиот момент тоа да го сторите за да бидете подготвени веднаш да го активирате кога ќе пристигне следната сезона. XPS прибор за замена на масло содржи сé што ви е потребно во една кутија, што лесно може да ја набавите од вашиот локален претставник на BRP и да ја завршите работата.

 

Исплакнување и истурање на течноста од издувниот систем

Важно е да се отстрани сé што би можело да го контаминира издувниот систем на вашиот Sea-Doo скутер, особено ако најчесто возите на солена вода (тогаш се препорачува исплакнување по секое возење).

За да се исплакне издувниот систем, монтирајте црево за наводнување на приклучокот што се наоѓа на задната страна (десна страна од задниот дел) на пловилото. НЕ ПУШТАЈТЕ ВОДА ПРЕДВРЕМЕ! Стартувајте го моторот на Sea-Doo и потоа веднаш отворете ја славината за вода. Моторот нека работи околу 90 секунди во празен од (минимални вртежи без додавање гас) и проверете да бидете сигурни дека водата истекува од пумпата додека исплакнувате. Потоа затворете ја славината за вода а моторот нека работи на 5000 вртежи во минута за време од 5 секунди, и потоа изгаснете го моторот.

Сушење на издувниот систем е од особено критично значење во зоните со студено време. Замрзната вода во издувниот систем може да предизвика значителна штета во издувниот склоп. За да се заврши отстранувањето на течности од системот, дувајте компримиран воздух на 55 PSI (379 kPa) во низ приклучокот на кој претходно беше поставено цревото за вода, сé додека престане да истекува вода од млазната пумпа. Со тоа се потврдува дека целата вода е отстранета од издувниот систем на пловилото.

 

Внатрешно подмачкување на моторот

Во овој дел може да има разлики во зависност од вашиот модел. Сопствениците на SPARK треба да го отстранат централниот сегмент на коритото за да отворат пристап до моторот. Треба да се одвртат неколку завртки, процесот е опишан во упатството. Кај другите модели до моторот се пристапува со отстранување на седиштето.

Кога ќе отворите пристап до моторот, отстранете ги свеќичките и бомбините. Со спреј нанесете XPS антикорозивно мазиво (или еквивалентно средство) во отворите за свеќичките.

Потоа заверглајте го моторот. За да го направите тоа притиснете ја целосно рачката за гас и држете ја на рачката за управување. Со тоа ќе се оневозможи дотур на гориво и палење при верглањето. Додека ја држите рачката за гас, притиснете го копчето start/stop за да го заверглате моторот неколку пати. Ова ќе помогне да се разнесе антикорозивното мазиво по ѕидовите во цилиндрите.

На крајот, нанесете мало количество XPS антикорозивно мазиво на навоите на свеќичките, а потоа монтирајте ги назад на нивните места заедно со бомбините.

Постапките за внатрешно подмачкување на моторот ќе ги најдете во вашиот прирачник. Ако имате било какви прашања или грижи, не се двоумете да се консултирате со вашиот локален претставник на Sea-Doo.

 

Грижа за акумулаторот

Додека го подготвувате вашиот Sea-Doo скутер за зимски сон, особено внимание посветете на акумулаторот. Од акумулаторот сé почнува (или ништо не пали), а акумулаторите може да ко изгубат капацитетот за одржување полнеж со текот на времето, затоа соодветно складирање на акумулаторот е многу важно.

Акумулаторот треба да се отстрани од вашиот скутер за да нема никакво електрично оптоварување врз акумулаторот во текот на повеќе месеци кога нема да се употребува. За одржување на акумулаторот во свежа и здрава состојба предлагаме да се приклучи Полнач/одржувач на акумулатор за да се одржува целосен полнеж. Уверете се дека акумулаторот е поставен врз цврста површина на отворено место, далеку од било какви запаливи материи. Ако акумулаторот не покажува целосен полнеж после еден до два дена полнење со полначот, проверете дали сé е приклучено како што треба. Ако и понатаму не се полни акумулаторот, време е да се замени со нов Yuasa акумулатор†. Обратете се до вашиот локален претставник за набавка на нов Yuasa акумулатор за вашиот Sea-Doo скутер.

 

Чистење на коритото

Откако ќе се заврши со машинското одржување, време е добро да го истриете вашиот Sea-Doo за да биде во свежа состојба кога ќе го извадите за прво возење следната сезона. Во зависност од моделот на Sea-Doo, ќе треба да користите соодветни XPS хигиенски производи (или еквивалентни препарати) за миење на вашиот скутер. XPS производите се специјално формулирани да отстрануваат нечистотии и водени дамки од вашиот Sea-Doo. Внимателно прегледајте ги сите површини и отстранете водни организми што евентуално се закачиле. Ова е одличен момент да проверите дали евентуално има некакви оштетувања што ќе треба да се поправат на трупот и коритото. Вашиот претставник за Sea-Doo може да ви помогне со сите потребни поправки на коритото или трупот.

 

Сега сте подготвени да го складирате вашиот Sea-Doo. Ако планирате да го чувате надвор, покријте го со непроѕирна церада што пропушта воздух, или Sea-Doo прекривка. Така ќе го заштитите вашиот Sea-Doo од штетно сончево зрачење и од прав и нечистотии со следната сезона. Не го завиткувајте вашиот Sea-Doo во пластичен или друг материјал што не пропушта воздух, бидејќи така може да се појави мувла во некои делови од пловилото.

Никому не му се допаѓа помислата да го прибере Sea-Doo во периодот вон сезона, но ако се следат опишаните чекори ќе бидете подготвени следната сезона веднаш да го извадите на вода!

 

 

 

Прочитајте исто така

  • Maintenance
    Подгответе го вашиот Sea-Doo за летна забава

    Подгответе го вашиот Sea-Doo за летна забава



    Прочитај напис
  • Sea-Doo Life
    Искуство на Си-Ду: Езеро Пауел

    Искуство на Си-Ду: Езеро Пауел



    Прочитај напис
  • Maintenance
    Sea-Doo GTI ја добива наградата „Водена занает на годината“

    Sea-Doo GTI ја добива наградата „Водена занает на годината“



    Прочитај напис