Прави правилно: Исчистете и заштитете

Вашиот пловен скутер е одраз на вашата личност. Пренесува порака секогаш кога сте на вода. Посакувате погледите упатени кон вас да се помнат цел живот. Еве еден краток водич – од пловното корито до рачките на управувачот – да ви помогне вашиот скутер да биде во најдобро издание кога и да се појавите на местото за впловување.

Сите производи што се наведени подолу се безбедни за користење на акрилниот (Acrylic) и термофил (Thermofil) површински слој на вашиот Sea-Doo скутер.

Чистење и заштита на пловното корито

Ако пловилото стоело во вода подолго време, закоравена тиња, алги, црти кај нивото на водата или ‘рѓа може да остават лош впечаток кога го влечете на приколка или го поставувате вашиот пловен скутер на дигалка. Чекорите и XPS производите наведени овде не само што ќе ги отстранат тие дамки и ќе го обноват свежиот изглед на вашиот скутер како во продажен салон, туку и ќе помогнат во заштитата на површините под нивото на водата на долг рок и целосно ќе се избегнат повалкани дамки.

За најжилавите дамки и нечистотии може да има потреба од целосно миење со XPS Sea-Doo средство за чистење на пловното корито. Важно е внимателно да се следат упатствата за производот. Секогаш носете ракавици и заштитни очила кога го користите овој производ. Ако вашиот скутер стои на приколка или багажен носач, заштитете ја приколката или носачот од дејството на производот пред да почнете со чистење. XPS Sea-Doo средството за чистење на пловно корито е специјално составено за уникатниот завршен слој на вашето Sea-Doo корито. Еве како оди тоа:

1- Со спреј нанесете Sea-Doo средство за чистење на пловното корито (Sea-Doo Hull Cleaner) директно на коритото.

2- Почекајте 2-4 минути за да овозможите средството да делува.

3- Истријте го обработеното место со четка.

4- Веднаш темелно исплакнете со вода, најдобро со млаз вода под притисок.

За побледи дамки кај нивото на вода не е секогаш потребно целосно четкање како што беше опишано погоре. XPS одмастувач е едноставно и брзо решение за обновување на совршениот изглед за само неколку минути.

1- Прскајте неразреден спреј директно на површината што се чисти.

2- Оставете го да стои неколку минути.

3- Избришете ја обработената површина со ткаенина или мека четка.

4- Исплакнете со вода.

Sea-Doo чистење и заштита на палубата и деловите над нивото на водата.

Откако ќе светнат пловното корито и другите површини што се наоѓаат под нивото на водата, време е да се премине над нивото на водата и да се уредат највидливите делови на вашиот скутер. Еве краток водич како вашиот изглед да се истакнува при секој излет на вода.

Почнете од седиштето и површините од винил со користење на XPS All Purpose Cleaner and Degreaser (сенаменско средство за чистење и одмастување). Не само што ќе ги исчисти правот и нечистотиите, туку отстранува и мувла. Може дури да се користи и за отстранување на замастени дамки или талог од масло околу моторите, просторот за мотор и погонските елементи.

1- Со спреј нанесете директно на површината што се чисти.

2- Истријте со мека четка ако правот тешко се отстранува.

3- Избришете со сува или влажна ткаенина/крпа.

4- Исплакнете со вода ако е потребно.

Следно е да се направи темелно четкање на преостанатите површини над нивото на водата. XPS Wash and Wax е вашата идеална формула за пена во еден чекор за чистење сé, од прав и песок до инсекти или птичји измет од вашиот пловен скутер. Ја довршува работата со заштитен восочен премаз со блескав сјај без црти или други траги.

1- Замешајте 30 mL (1 унца) средство за чистење на секои 4 L (1 галон) за да се создаде богата пена.

2- Истријте со ракавица за миење автомобили или мека четка

3- Исплакнете со вода и темелно исушете

Стаклата на инструментите и огледалата се следни на списокот. XPS Glass and Multi-surface Cleaner (средство за чистење на стакла и разновидни површини) е најпогодно за отстранување дамки од вода, прав и мачканици.

1- Нанесете со спреј врз површината што се чисти

2- Избришете со сува крпа/ткаенина

Откако ќе заврши процесот на чистење, несомнено ќе сакате овој нов свеж изглед да трае колку што е можно подолго. XPS Marine Spray Wax with Polymer делува како покривка за заштита на површините на вашиот Sea-Doo пловен скутер и спречува алги, ‘рѓа или други загадувачки материи да се вгнездат на пловното корито или палубата. Изгледот што привлекува внимание ќе го задржите за уште многубројни возења.

Пред употреба бидете сигурни дека пловниот скутер е правилно исчистен. Секако не посакувате да ги залиете во восок дамките или нечистотиите.

1- Нанесете со спреј директно врз површината.

2- Оставете да се исуши неколку секунди.

3- Избришете со чиста и сува ткаенина од микрофибер.

Совет од професионалци: Производот може да се нанесува под директна сончева светлина, но не го нанесувајте производот врз загреани површини.

За дополнителна издржливост, оставете производот да се исуши врз површините до 2 минути пред да ги избришете.

За да додадете уште повеќе живост во вашиот Sea-Doo стил, можете да ги обработите површините со висок сјај со XPS Spray Wax за дополнителна заштита од временските услови – сури и ултравиолетови зраци – и да постигнете сјај што испраќа порака до сите други на брановите. Ексклузивната XPS формула се припива врз површините на вашиот скутер за подолготраен премаз и максимална заштита.

1- Пред употреба бидете сигурни дека пловниот скутер е правилно исчистен. Секако не посакувате да ги залиете во восок дамките или нечистотиите.

2- Нанесете со спреј директно врз површината.

3- Оставете да се исуши неколку секунди.

4- Избришете со чиста и сува ткаенина од микрофибер.

Совет од професионалци: Производот може да се нанесува под директна сончева светлина, но не го нанесувајте производот врз загреани површини.

За дополнителна издржливост, оставете производот да се исуши врз површините до 2 минути пред да ги избришете.

За необоени површини со текстура како на Sea-Doo SPARK, користете XPS UV protector (заштитно средство од ултравиолетово зрачење) за да спречите евентуално избледување од штетните сончеви зраци. Може да се користи и на сите делови од мека пластика како на пр. одбојници.

1- нанесете со спреј врз површините и рамномерно намачкајте со чиста и сува крпа.

2- Оставете пет минути производот да продре.

3- Избришете го вишокот/остатокот со друга крпа.

4- Оставете еден до два часа да заврши процесот на сушење.

Без оглед кој модел или каде возите, овие совети ќе помогнат вие и вашиот Sea-Doo да бидете тема на разговор крај брегот и на водата поради вистинските причини.

Грижа за пловниот скутер меѓу две возења

Стаклата на инструментите и огледалата се следни на списокот. XPS Glass and Multi-surface Cleaner (средство за чистење на стакла и разновидни површини) е најпогодно за отстранување дамки од вода, прав и мачканици.

1- Нанесете со спреј врз површината што се чисти

2- Избришете со сува ткаенина

За повеќе информации не двоумете се да се обратите до вашето овластено претставништво на Sea-Doo .

Прочитајте исто така

  • Maintenance
    Подгответе го вашиот Sea-Doo за летна забава

    Подгответе го вашиот Sea-Doo за летна забава



    Прочитај напис
  • Sea-Doo Life
    Искуство на Си-Ду: Езеро Пауел

    Искуство на Си-Ду: Езеро Пауел



    Прочитај напис
  • Maintenance
    Sea-Doo GTI ја добива наградата „Водена занает на годината“

    Sea-Doo GTI ја добива наградата „Водена занает на годината“



    Прочитај напис