Додека многумина од нас ги редефинираме нашите секојдневни активни излети, една дефиниција нема потреба да се менува. Sea-Doo животот и натаму се поврзува со сонце, забава, и гаснење на вашата жед за авантури на вода. Без разлика дали се работи за ден со семејството меѓу брановите, приватен излет за двојки или скара крај плажата, сé тоа е дел од она што го прави Sea-Doo животот најдобриот начин за доживување на активности на вода. Еве неколку од нашите најомилени идеи за додавање новини во вашиот Sea-Doo живот во 2020 година.
Направете си излет
Нема ништо подобро за топлото летно време од вашата омилена замрзната закуска додека ги брчкате нозете од задната платформа на вашиот Sea-Doo! Но животот на Sea-Doo е баш да се искористи секој ден на вода и тоа не треба да се прекинува во времето за оброк. Со големиот простор за складирање и дополнителните можности за складирање што вклучуваат и ексклузивни Sea-Doo LinQ фрижидери, може да уживате во вашите закуски, освежувања или дури и во целосен оброк на вода. (Не ви се верува? Разгледајте ги видеото Фати-исчисти-зготви и рецептите за свежо уловените оброци на вода!)
Прошетка на вода
2020 нека биде годината во која вашиот Sea-Doo живот ќе го подигнете на следното повисоко ниво со повеќедневни излети. Можеби ќе откриете дека можноста да избегате во опуштена вечер на затскриен дел од крајбрежјето е поблиску на дофат отколку што сте мислеле. Можеби во моментов нема многу можности за авантури со шетање од остров на остров или пловење по водотеците на националните паркови, но локалните и регионалните водотеци често нудат бројни можности да оставите сé зад себе и да направите излет на вода. Сите овие можности во вашиот Sea-Doo се најбогати досега, благодарение на иновативните LinQ додатоци како што се ладилници, багажни кутии, торби и канистери за гориво. Со растегнување на ограничувања ако што се гориво и товарен капацитет, вашата слобода и можности за истражување се прошируваат повеќе од она што другите корисници на скутери би го сметале за возможно. Повелете – одредете го својот курс, спакувајте ги торбите, и нека почне Sea-Doo авантурата со вашето омилено друштво!
Целодневно скитање по плажи
ОК, можеби и повеќе од еден ден! Иако оние забави на плажа со стотици пријатели можеби ќе треба малку да почекаат, и понатаму има начин за безбедно впивање на сонцето. Ништо друго не ви дава таква моќ да ги раширите вашите крилја на водата како Sea-Doo Животот. Возењето е возбудливо, но и времето кога запираме за да ги примиме сите впечатоци може да биде подеднакво освежувачко. Знаеме дека чувството на песок под нозете ја допира и душата. Најдете го тоа омилено местенце и уживајте во зајдисонце и бранови. Ќе се видиме на море, езеро или река – на најмалку 2 метри растојание 😉