2021 Sea-Doo RXP-X 300 ги освојува сите предизвикувачи

Претставен како новото мерило за скутери со високи перформанси, моделот Sea-Doo RXP-X 300 од 2021 година им го отвора апетитот на адреналинските зависници гладни за брзина. Може да се пофали со импресивна лепеза технички карактеристики подготвени за тркачки натпревари, и функционалности инспирирани од возачите, веднаш се здоби со пофалби од медиумите и инсајдерите во индустријата. Единственото прашање што преостанува: Дали овие тврдења и впечатоци ќе бидат оправдани со резултатите на вода?

Амбасадорот на Sea-Doo Ерминио Јантоска (Erminio Iantosca) убедливо ги докажа водејќи го 2021 RXP-X 300 до Свтскиот шампионат во класата Pro-Am Box Stock во Pro Watercross World шампионатот одржан во неговиот роден град Нејплс, Флорида од 29 октомври до 01 ноември 2020 година.

Логичен избор за пробен терен за најновата верзија на RXP-X 300 е патеката со пловки. Сепак се работи за еден од малкуте скутери на пазарот што вистински се подготвени за трки веднаш по отпакувањето. Но, за вистински ентузијасти за високи перформанси, како што се Јантоска и колегата Sea-Doo амбасадор Ентони Радетик  (Anthony Radetic), Sea-Doo животот се живее и далеку надвор од полето за трки. RXP-X 300 е дизајниран да ја исполни секоја потреба на тој животен стил исполнет со адреналин без компромиси.

 

Од дизајн до доминантност

Јантоска е еден од оние што ја бркаат таа возбуда од забрзувањето што ја овозможува новиот RXP-X. Со неговото искуство во трки со скутери, стручни познавања на потребите и желбите на возачите што бараат високи перформанси, и страста за Sea-Doo животот, тој беше идеален кандидат за соработка со конструкторските и инженерските екипи на BRP кога почна да се вообличува следната генерација на RXP-X.

Јантоска го насочи вниманието кон неколку области во текот на неговите дискусии со екипите што работеа на Sea-Doo.

„Сакав новиот RXP-X подобро да лизга при остри свртувања и да одржи добра управливост и во разбранувани води,“ вели Јантоска. „Сакав седиштето Ergo R со променливо седло навистина за се прицврсти и да ја држи целата таа голема Rotax сила“, додава тој.

Но, дали го послушаа?

„Да ви кажам“, вели тој, „ги надминаа сите очекувања. Дизајнот инспириран од жабри на ајкула, новото седиште, а и намалената маса – овој RXP-X е најдобриот скутер што некогаш сум го возел“.

При опишувањето на тој прв налет на гас од стартната линија го искажа истото чувство како и многу други за RXP-X моделот за 2021 година.

„Останав без зборови“, рече Јантоска. „Не можев да ја тргнам големата насмевка од лицето“, додава.

Радетик двојно ги потврдува тие изјави.

„Првото додавање гас на новиот RXP-X од стартната линија веројатно е чувството што го имаат акробатите кога ги истрелуваат од топ како ѓуле“, вели Радетик. „Моќноста останува изненадувачки константна во низ целиот интервал на моќност“, додаде тој.

 

Надвор од патеката со пловки

Животот исполнет со возбуда излегува далеку надвор од рамките на тркачките викенди за двајцата амбасадори. И двајцата се насладуваат на таа адреналинска возбуда што ја испорачува RXP-X 300 кога и да ги изнесат на вода. Да се направи овој скутер погоден за нивниот животен стил – не само за викендите со трки – беше целта на RXP-X.

Комбинацијата на завидна моќност, забрзување и неразнишана доверба во целодневни сценарија на возење со високи перформанси е токму она што го добиваат возачите во овој скутер што поставува нови стандарди.

„Управливоста во разбранувани води е апсолутно извонредна“, вели Радетик. „Кога се подготвувате да влезете во свиок, свртувањето нема да биде ни повеќе ни помалку од оптималното“.

Тоа е таа доверба што навистина може да го смени начинот на кој возачите со различни нивоа на вештина се втурнуваат кон брановите. Сега и со докажани атрибути што победуваат на трки, RXP-X е подготвен да доминира на водите на начин што индустријата воопшто не го очекуваше.

 

 

Прочитајте исто така

  • Maintenance
    Подгответе го вашиот Sea-Doo за летна забава

    Подгответе го вашиот Sea-Doo за летна забава



    Прочитај напис
  • Sea-Doo Life
    Искуство на Си-Ду: Езеро Пауел

    Искуство на Си-Ду: Езеро Пауел



    Прочитај напис
  • Maintenance
    Sea-Doo GTI ја добива наградата „Водена занает на годината“

    Sea-Doo GTI ја добива наградата „Водена занает на годината“



    Прочитај напис