Искуството со возење на Lynx е изградено околу оптималната распределба на тежината и рафинираната ергономија на шасијата Radien-X. Секој детаљ е фино осмислен имајќи ги предвид ракувањето, заштитата од ветерот и удобноста.
УДОБЕН И ЛЕСНО СЕ КОРИСТИ
Четиритактни мотори Rotax 600 ACE и 900 ACE
Ненадминлива економичност на потрошувачката на гориво и лесен за користење. Тивки, со ниско ниво на вибрации и со голем вртежен момент, четиритактните мотори Rotax ACE нудат карактеристики за удобно возење и долг опсег на работење.
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Паметна контрола на гас
Паметната контрола на гас ви овозможува да изберете помеѓу три режими на возење (ECO, Standard и Sport) со притисок на копче. Секој режим на возење има различни карактеристики за перформансите на моторот и реакцијата на регулаторот за гас.
ПОВЕЌЕ ОД 200 КОНФИГУРАЦИИ
Систем за додатоци LinQ
Доаѓа како стандардна опрема. Системот за додатоци LinQ на Lynx е лесен за користење и претставува целосно интегрирано решение за сите ваши потреби поврзани со носење товар.
ЗА НЕПРЕЧЕНО ВОЗЕЊЕ
Задна суспензија PPS²
Дизајнирана за условите на нордиските патеки, задната суспензија PPS² го прави возењето на моторната санка Lynx Adventure удобно и стабилно. Големиот од на суспензијата и доброто задржување го прават возењето мазно дури и кога се возат двајца еден зад друг.
СОВРШЕНА КОНТРОЛА
Скии Blade DS+
Предвидливото и прецизното управување е суштински дел од искуството на возење кое пружа задоволство. Токму затоа ги избравме скиите Blade DS+ за моторните санки Lynx Adventure, што го прави управувањето стабилно и прецизно.
СПОРТСКИ КОМФОР
Седишта за секоја потреба
Седиштето, кое е потесно напред (на моделите Adventure и Adventure SC) пружа слободно движење, како и удобност за подолги патувања. Моделот Adventure LX има цврст наслон и рачки за патниците.
МИРЕН СОН ЗА ПОЧЕТНИЦИТЕ
Клуч за учење
Клучот за учење ја ограничува брзината на моторната санка Lynx Adventure LX, што им дава поголема сигурност на возачите почетници. Опционален додаток на сите моторни санки на Lynx со мотор Rotax ACE.
Тунелското ладење заедно со воздушниот ладилник со вентилатор го одржуваат моторот на оптимална температура при бавно возење и променливи снежни услови.
За весели зимски патувања. Моторната санка Lynx Adventure го прави возењето мирно и удобно. Со шасијата Radien-X и задната суспензија PPS², ракувањето и удобноста при возење се со највисок квалитет. Тивкиот и ефикасен мотор Rotax 600 ACE ја прави радоста на возењето уште посовршена.
ADVENTURE LX. Моторната санка Lynx Adventure LX пружа незаборавни зимски авантури за целото семејство. Кај овој модел, високото ниво на удобност се спојува со ефикасната потрошувачка на гориво на тивкиот четиритактен мотор Rotax 600 ACE. Системот за паметна контрола на гас iTC овозможува поголема удобност и безбедност при возењето.
Задоволство при возењето блиску до совршенство. Моторната санка Lynx Adventure SC е идеална за релаксирачки прошетки, како и за спортско возење на снежни патеки. Тивкиот и моќен четиритактен мотор Rotax 900 ACE со голем вртежен момент овозможува брзина и долг домет.