„Екстремно сум среќен дека можам да сметам на поддршката на Can-Am за сезоната 2021. Тркањето е дел од ДНК на Can-Am и заедно ја споделуваме желбата да се надминеме себеси заедно со задоволството што го добиваме од победата. Како возач од Квебек, горд сум што на патеката до себе имам локален производител на возила.“

ТЕРЕН
Со потекло од Сен Албер, Квебек, Лабе доживеа метеорски подем во мотоспортовите откако кариерата ја почна со трки на овални патеки. Во 2014 година, стана најмладиот возач што победил во АЦТ серијата. Во 2016 година ја заврши својата прва целосна NASCAR Pinty серија, а следната година победи во оваа серија. Во 2018 година, Лабе премина во NASCAR Xfinity Series и го заработи своето место меѓу 20те најдобри возачи. Талентираниот возач во моментов е рангиран на 14ото место во вкупниот пласман со 10 до 10 точки. Ова е исклучителен резултат имајќи ја предвид големната на тимот и средствата што ги имаат на располагање Лабе и ДГМ рејсинг. Тоа само ја покажува големината на неговиот возачки талент.


СТРАСТ
Кога имаше само шест години, Лабе веќе сонуваше за кариера зад воланот на тркачки едносед. Негови идоли беа Патрик Карпнтие, Алек Талијани и Жак Вилнев. Бидејќи патот до Формула Инди и до Формула 1 е резервиран за богатите, Лабе му фрли око на НАСКАР. Постојано се качуваше по скалата, демонстрирајќи ги своите вештини и способности на секој чекор од патот. Лабе секогаш е опкружен со луѓе од Квебек и со компании што веруваат во него и во неговиот огромен потенцијал да се пробие во првите 10 од NASCAR Xfinity Series. Со методолошки и обмислен пристап кон целите на неговата кариера, Лабе се надева дека ќе обезбеди кола што ќе му помогне да победува секоја недела. Откако ќе биде исполнето тоа постигнување од списокот, тој има намера да се справи со следниот чекор од скалата, NASCAR Cup Series.


АКЦЕНТИ
Алекс Лабе има диплома по технологија со високи перформанси од Универзитетот на Северозападно Охајо. Ова образование му даде добро разбирање на конструкциските и на инженерските принципи што стојат зад автомобилите со високи перформанси и по својата возачка кариера, тој ќе може со успех да изгради свој НАСКАР тркачки тим.

5 во првите 10 во NASCAR Xfinity Series (2020)

Победник на NASCAR Pinty’s Series (2017)

Победник на ACT Quebec Series (2014)


CAN-AM ТРКИ
Почнувајќи од сабота, автомобилот на Алекс Лобе ќе може полесно да се забележи на патеката бидејќи повторно ќе ги носи светлите бои на Can-Am што ги знаеме. Секако, производителот одлучи да ја продолжи својата посветеност од последната година на возачот од Сен Албер. „2020 беше особено тешка година за огромен дел од спортистите што зависат од спонзори во практикувањето на своите обврски. Поради тоа, за нас беше важно Алекс да знае дека може да смета на нашата постојана поддршка. Алекс е исклучително талентиран млад човек што постојано се стреми да се надмине себеси и тоа е целосно во согласност со нашите вредности;“ рече Џули Турвил, директорка на глобален маркетинг во  Can-Am Off-Road. Како резултат на тоа ќе се возат осум трки под знамето на квебешката марка на мотоспортови:

Феникс, Аризона, 13 март 2021 година
Стаза на Америка, Тексас, 22 мај 2021 година
Поконо, Пенсилванија, 27 јуни 2021 година
Роуд Америка, Висконсин, 3 јули 2021 година
Бруклин, Мичиген, 21 август 2021 година
Дејтона, Флорида, 27 август 2021 година
Таладега, Алабама, 2 октомври 2021 година
Форт Ворт, Тексас, 16 октомври 2021 година

ТРКАЊЕТО Е ДЕЛ ОД ДНК НА CAN-AM

"We are a brand that defies conventions and celebrates the ability to surpass oneself and the ambition of achieving high goals. In this way, Alex shares our values and we are proud to support him in his career,” says Julie Tourville, Director, Global Marketing, Can-Am Off-Road.

СЛЕДЕТЕ ГО АЛЕКС