Can Am Adventure&Test drive day 2024 OHRID
Почитувани,
Со големо задоволство ве информираме дека на ден 02.10.24 во близина на Охрид, на падините на планините Галичица и Јабланица ќе се одржи вториот настан за оваа година под покровителство и организација на СКИ&Сеа Скопје.
На настанот ќе земат учество голем број љубители на off road возила.
Стартната точка ќе биде од Центарот на Охрид во близина на Марина Охрид за двата денови.
Првиот ќе се вози по падините на планината Галичица, по трасиран шумски пат, ќе се посетат околните села па се до крајната дестинација а тоа е врвот Магаро кој е на 2150 метри надморска висина.
Вторит ден стартната позитија е иста но ќе се вози на планината Јабланица исто така ќе се посетат локалните попатни села, крајната дестинација ќе биде врвот на Јабланица кој е на 2270 метри надоморска висина.
Учесниците ќе имаат можност на уживаат во недопрената природа на двете планини, прекрасните попатно водопади и шумата.
Настанот не е од натпреварувачки каратктер.
На крајот од настанот учесниците ќе бидат почастени со ручек од наша страна, како и со ладен пијалок во текот на целото возење.
02.10.24---10:00h Пред Марината во Охрид, крајна дестинација Јабланица.
За најдобрите возачи обезбедивме и подароци.